Брз оброк за љубителите на пицата: Пица салата – неодоливо вкусна (РЕЦЕПТ)

Љубителите на пицата ќе бидат воодушевени од овој превкусен поинаков начин на уживање во нивното омилено јадење.

Пица салатата се подготвува лесно и брзо, вкусна е, а може да се послужи како ручек, вечера, мезе за со пријателите и сл.

Предноста е што се служи ладна, па може да ја подготвите еден ден пред да ги дочекате гостите.

Потребно ви е:

300g макарони
1 зелена пиперка
1 црвена пиперка
10тина чери домати
10тина црни маслинки
200g свежи или маринирани шампињони
200g шунка или салама по желба
200g кашкавал или пармезан
200ml пица кечап
Зачини по желба

Подготовка:

Макароните сварете ги и добро и исцедете ги.

Сите останати состојки, освен кашкавалот и кечапот, исечкајте ги на коцки и зачинете ги доколку сакате. Ставете ги во еден длабок пластичен сад, а потоа додајте ги и макароните.

Салатата ставете ја во фрижидер да се олади, па пред послужување додајте го кечапот и ренданиот кашкавал.

Уживајте, пријатно јадење!

Слични објави

Модни додатоци кои вашите летни комбинации ќе ги направат уште подобри (ФОТО)

Igor

Навистина чудно: Мајките делфини им пеат на своите бебиња во стомакот!

Еспресо

Не постои пооригинална честитка за 8 Март: Најубавите цитати за жените што ги смислиле големите писатели

Еспресо

Сочни печени домати (ВИДЕО РЕЦЕПТ)

Igor

Изборот на БОЈА НА КАРМИН за вас зборува повеќе отколку што претпоставувате

Igor

Ирина Шајк ја отвори душата: О, Боже, не знам што да правам, се распаѓам…

Еспресо

Остави Коментар

15 − девет =

Слични објави

Во домашни услови направила ист производ како од Мекдоналдс (ВИДЕО)

Еспресо

Девојки, жени овие фустани мора да ги имате оваа есен (ФОТО)

Igor

Ова е најлудото запросување кое некогаш сте го виделе: До солзи ќе ве насмејат зборовите со кои ја запросил! (ВИДЕО)

Еспресо

Грк кој спиел со над 4.000 жени предупредува: Тоа нема да ве исполни!

Еспресо

МАСКА ЗА ВОЛУМЕН на косата според рецептот на Кејт Мидлтон

Igor

Домашен сапун кој ги отстранува сите влакна, заборавете на восокот и бричевите (РЕЦЕПТ)

Igor
MacedonianAlbanianBulgarianSerbian