10.8 C
Скопје
22:04 - 26 април, 2024

(Фото) Која е сопругата на оскаровецот Килијан Марфи: Се вози во метро, купува во локална продавничка, не сака гламур…

Оскаровецот Килијан Марфи, особено по успехот на филмот „Опенхајмер“ ги полни насловните страници на светските медиуми. И со оглед на тоа дека неговата популарност едноставно експлодираше низ сите страни на светот, многумина се прашуваат како изгледа сопругата на згодниот актер, со што се занимава?

Јасно е, Килијан Марфи има милиони обожаватели кои се воодушевени од неговите очи кои се сини, како море без дно. Но, која е единствената жена што го освои неговото срце?

Kилијан Марфи воопшто не е типична холивудска ѕвезда. Родум од Ирска се чини дека е целосно рамнодушен кон социјалната врева, па дури и ретко дава интервјуа, а кога другите би имале можност да се покажат со сиот свој сјај, тој изгледа стои настрана. Така, актерот се обидува да го сочува во приватност и својот личен живот.

Марфи е во брак со уметницата и актерка Ивон Мекгинис речиси 21 година, а нивната романса започнала одамна, од нивната младост. Ивон и Килијан се запознале во 1996 година, кога Килијан настапи со претставата „Диско свињи“, која веднаш стана хит меѓу театарскките уметници. Актерот го опишува овој период како еден од најважните во неговиот живот.

„Луѓето што ги запознав тогаш остануваат мои најблиски пријатели… Тогаш ја запознав и мојата сопруга. Таа дојде на турнеја со нас. Беше толку возбудливо – сите бевме само деца кои се обидувавме да го најдеме нашиот пат, но тоа беше посебно време“, се сеќава Марфи на првата средба со сопругата во едно интервју.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nikki (@nikkiconnorcostume)

Во 2004 година, Ивон и Килијан се венчаа. Според некои странски меидуми, церемонијата се одржала во лозјето на таткото на невестата, во Прованса, Франција, кое тој го купил кон крајот на 1980-тите. Сепак, не се знае дали ова лозје сè уште му припаѓа на семејството.

Во декември 2005 година се роди првото дете на Килијан и Ивон, Малахи, а во јули 2007 година се роди второто момче, кое го доби името Аран.

инстаграм

Семејството на актерот е познато по својата таинственост – ретко се појавуваат заедно во јавноста, не се активни на социјалните мрежи и не излегуваат заедно на црвените килими. Изненадувачки, Марфи и неговата сопруга Ивон само неколку пати се фотографирани во јавноста, па оваа фотографија од сопругата на актерот е вистинска реткост.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cillian Murphy (@cilliciousness)

Марфи призна дека генерално не сака публицитет и исклучително ја цени можноста да води живот на обичен човек. Затоа, актерот живее во родната Ирска – далеку од вечниот саем на суети, Лос Анџелес.

„Се возам со автобус и метро, ​​одам до продавница каде што купувам млеко и правам нормални работи. Би мразел сè ако стане невозможно. Како актер, треба да глумиш вистински луѓе, па затоа е важно да живееш како нормален човек“, вели Килијан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @dizicikizce

Мекгинис е родена во Ирска, на 12 октомври 1972 година, студирала на Технолошкиот институт Корк и магистрирала на Кралскиот колеџ за уметност во Лондон. Според „Ајриш Мирор“, нејзиниот вујко Џим Мекгинис е ирски политичар. Ивон продолжува да се бави со уметност, експериментирајќи со различни форми – создавајќи извонредни инсталации и скулптури, но таа се занимава и со монтирање филмови.

Сепак, главната работа во нејзиниот живот останува семејството – токму Ивон е одговорна за воспитувањето на децата кога Килијан заминува на снимање. Актерот, пак, секогаш ѝ оддава почит на својата сопруга, зборувајќи ентузијастички за неа во интервјуата и ѝ се заблагодарува за поддршката. Покрај тоа, Килијан призна дека никогаш не презема два проекти еденподруг, и се обидува да помине најмалку шест месеци дома со своето семејство.

Монументалниот предизвик на Килијан Марфи: За улогата во „Опенхајмер“ јадел само по неколку бадеми на ден

Слични објави

Кој е владиката Иларион кој го предводеше погребот Бојана Јанковиќ: Глумеше во популарна серија, па се замонаши

еспресо

(Видео) Драгана Мирковиќ со куфер во рака на аеродромот во Белград: Налета на Теја Дора која патува на Евровизија

Еспресо

Погребана Бојана Јанковиќ: Водителката испратена со песна, нејзиниот поранешен сопруг одржа трогателен говор

Еспресо

(Фото) Најновото огласување на Никола Роквиќ на патот кон Грција ги остави сите без текст: Не можете да замислите каква сума собрал!

Еспресо

Теа Таировиќ конечно вљубена до уши! Еве кој е згодниот дечко на атрактивната пејачка

Еспресо

(Видео) Обезбедувањето на раце ја изнесе Цеца од концертот: Боса едвај го задржа фустанот

Еспресо
Се вчитува....