09:03 - 29 ноември, 2026

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

Доколку сакате да внесете малку разновидност во секојдневното мени, пирето од карфиол е одличен избор. Со нежна текстура и богат вкус, овој прилог совршено се комбинира со печено месо, риба или зеленчук.

Карфиолот е богат со растителни влакна, витамин Ц и витамин К, а содржи помалку калории и јаглехидрати од компирот.

Тајната на совршено кремастото пире е во тоа карфиолот добро да се исцеди по варењето, за да не добиете водеста смеса.

Состојки

– 1 средно голема главица карфиол

– 2 лажици путер

– 2 лажици крем-сирење

– 2 чешниња лук

– 30 грама рендан пармезан

– Сол и црн пипер по вкус

– Свеж магдонос за декорација

Подготовка

Измијте го карфиолот и поделете го на помали цветови. Ставете ги во тенџере со зовриена, посолена вода и варете ги од осум до десет минути, односно додека омекнат.

Добро исцедете го карфиолот и оставете го кратко во топлото тенџере за да испари преостанатата влага.

Во мала тава растопете го путерот, додајте го ситно сечканиот лук и пропржете го околу една минута, внимавајќи да не загори.

Во блендер ставете ги сварениот карфиол, путерот со лук, крем-сирењето и пармезанот. Блендирајте додека добиете мазна и кремаста смеса.

Зачинете со сол и црн пипер по вкус, а пред послужувањето наросете малку ситно сечкан свеж магдонос.

Послужете го пирето додека е топло.

Добар апетит!

Слични објави

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо
Се вчитува....