17:41 - 28 ноември, 2026

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Бојан Симиќ (45), поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ и некогашен учесник во реалното шоу „Задруга“, го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќеска во белградската населба Звездара.

Според информациите објавени во медиумите, несреќата се случила на крстосницата меѓу улиците „Панте Среќковиќа“ и „Северни булевар“, кога Симиќ, управувајќи такси-возило, удрил во оградата на Новите гробишта. Екипите на Итната медицинска помош пристигнале на местото на настанот околу половина час по полноќ, но, за жал, можеле само да констатираат смрт.

Веста за неговата прерана смрт длабоко ја потресе и неговата поранешна сопруга Ивана Шашиќ, која се прости од него со кратка порака на социјалните мрежи:

„Бог да му ја прости душата. Вечнаја памјат. На семејството Симиќ искрено сочувство“, напиша пејачката.

Ивана Шашиќ – Фото: Инстаграм

Слични објави

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.

Васил Зафирчев: Моите родители не сакаа да бидам актер

Еспресо
Се вчитува....