08:42 - 17 ноември, 2026

Наутро мотивирана, навечер без карактер: Дали навистина проблемот е во недостигот на дисциплина?

Марина Петровска, велнес-советничка и менторка, преку сопственото искуство сфатила дека грижата за себе не е привилегија, туку неопходност. Низ годините, преку личното искуство и работата со жени, дошла до бројни сознанија за здравите навики и промените што можат да донесат подобар квалитет на живот. Со нашите читатели ќе споделува дел од своите искуства и совети, со желба да им помогне и на другите да направат чекор кон промена и подобар однос кон себе.

Утрото започнува со добра намера. Денес ќе внимавам што јадам, ќе ги испланирам оброците, ќе пијам повеќе вода и нема да посегнувам по непотребни грицки.

Но, како одминува денот, планот полека се менува.

Појадокот можеби бил недоволен, ручекот се одложил поради обврски, кафето го заменило оброкот, а попладнето се појавува потреба за нешто благо. Навечер, кога конечно ќе заврши денот, следува и чувството на вина.

„Повторно не успеав. Немам доволно карактер. Не сум доволно дисциплинирана.“

Но, дали навистина проблемот е во карактерот?

Понекогаш не ни недостасува дисциплина, туку подобро разбирање на сопственото тело и неговите потреби.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Кога телото го бара она што не сме му го дале во текот на денот

Една од честите грешки при обидите за регулирање на телесната тежина е започнувањето со премногу ограничувања.

Жената одлучува да јаде помалку, го намалува појадокот, го прескокнува попладневниот оброк, а потоа очекува вечерта да има целосна контрола врз апетитот.

Кога во текот на денот не внесуваме доволно храна или немаме добро балансирани оброци, гладот може да стане поизразен во подоцнежните часови.

Оброк кој содржи протеини, растителни влакна и други важни хранливи материи може да придонесе за подобра ситост и постабилна енергија.

Заморот, стресот и хормоналните промени имаат своја улога

Жените во средните години често живеат со многу обврски – работа, семејство, грижа за другите и недоволно време за себе.

Кога на тоа ќе се додадат стресот и неквалитетниот сон, регулирањето на апетитот може да стане потешко. Недостигот од сон може да влијае врз сигналите за глад и ситост, а стресот кај некои луѓе ја зголемува желбата за храна богата со шеќер и масти.

Дополнително, кај жените по 40-тата година, особено во периодот на перименопауза и менопауза, се случуваат промени во хормоналната рамнотежа, распределбата на масното ткиво и спиењето.

Што се менува по 35-тата година: Зошто сè повеќе жени избираат дополнителен приход?

Тоа не значи дека секоја желба за благо е последица на хормоните, но значи дека не треба секоја тешкотија да ја толкуваме како личен неуспех.

Наместо да се обвинуваме, да ги запознаеме сопствените навики

Што ако, наместо секоја вечер да си ветуваме дека утре ќе бидеме подобри, започнеме да ги набљудуваме сопствените навики?

– Дали појадуваме доволно и квалитетно?
– Дали имаме редовни и балансирани оброци?
– Колку вода пиеме во текот на денот?
– Кога најчесто чувствуваме потреба за благо?
– Дали јадеме затоа што сме гладни или затоа што сме уморни и под стрес?

Одговорите можат да ни помогнат да откриеме обрасци кои претходно не сме ги забележувале.

Промената не мора да започне со строга диета или големи забрани. Понекогаш е доволно да воведеме подобар појадок, поредовни оброци, повеќе вода и малку повеќе движење.

Токму затоа, 21-дневните предизвици за промена на навиките можат да бидат корисна почетна точка. Преку следење на исхраната, движењето, внесот на вода и сопственото чувство, добиваме подобра слика за тоа што ни одговара и што треба да промениме.

Што се менува по 35-тата година: Зошто сè повеќе жени избираат дополнителен приход?

Целта не треба да биде само бројката на вагата, туку создавање навики што можеме да ги задржиме и на долг рок.

Следниот пат кога ќе си кажете „немам карактер“, застанете за момент и прашајте се: Дали навистина ми недостасува дисциплина или можеби нешто во моите секојдневни навики треба да се промени?

Направете го првиот чекор кон подобро запознавање на сопственото тело

Ако сакате подобро да ја разберете вашата моментална телесна композиција и на кои параметри вреди да обрнете внимание, ве поканувам на бесплатна Body Scan анализа.

Преку ова мерење ќе добиете дополнителен увид во составот на вашето тело, што може да биде добра почетна точка за поставување пореални цели и избор на соодветни навики.

Грижата за себе не започнува со обвинување, туку со разбирање.

Закажете ја вашата бесплатна Body Scan анализа и направете го првиот чекор кон подобро запознавање на сопственото тело.

Instagram: marina_healthyhabitscoach

Facebook: marina.petrovska.10

„Знаев што оставам. Не знаев што ме чека“ – Личната приказна на Марина Петровска како инспирација да излезете од зоната на сигурност

Слични објави

Хороскоп за 17 ноември: Лавови, вашата позитивна енергија ќе донесе мотивација во работното опкружување

Еспресо

(Видео) Се огласи соседката чиј автомобил изгоре покрај џипот на Александра Пријовиќ: „Бесна сум како рис, немам никаква врска со ова“

Еспресо

Анастасија Ражнатовиќ објави емотивна порака за роденденот на Немања: „Бог знаеше дека заедно ќе ја доживееме најголемата љубов“

Еспресо

(Фото) Стаклен ѕид ја поврзува спалната соба со бањата: Огњен Амиџиќ вложил 100.000 евра во реновирање, а Мина добила гардеробер од соништата

Еспресо

(Видео) „Ти благодарам брату по Христа“ — Никола Роквиќ му оддаде почит на Тоше Проески во Крушево

К.С.

Ѓина Џиновиќ го покажа својот нов дом: вилата во Сењак ја замени со стан во Шпанија

Еспресо
Се вчитува....