32.8 C
Скопје
19:01 - 29 август, 2026

„Знаев што оставам. Не знаев што ме чека“ – Личната приказна на Марина Петровска како инспирација да излезете од зоната на сигурност

Велнес-советничката и менторка Марина Петровска преку сопственото искуство сфатила дека грижата за себе не е привилегија, туку неопходност. Низ годините, преку личното искуство и работата со жени, дошла до бројни сознанија за здравите навики и промените што можат да донесат подобар квалитет на живот. Со нашите читатели ќе споделува дел од своите искуства и совети, со желба да им помогне и на другите да направат чекор кон промена и подобар однос кон себе.

– Не се плашев само од неуспех. Се плашев и од успех.

Колку пати сум застанала пред некоја одлука и си поставила илјада прашања?

Што ако згрешам?
Што ќе кажат другите?
Што ако не успеам?
Што ако тргнам во погрешна насока?

И така, наместо да одлучам, сум знаела да чекам. Да размислувам. Да анализирам. Да барам сигурност таму каде што можеби никогаш и не постоела.

Денес сфаќам дека понекогаш не ни недостасува храброст да направиме чекор. Ни недостасува храброст да прифатиме дека после тој чекор животот може навистина да ни се промени.

А јас тоа го научив од сопственото искуство.

Една од најголемите одлуки во мојот живот беше да ја оставам сигурната работа и она што до тој момент го сметав за стабилност, за да го изберам патот по кој денес одам.

Не беше лесно.

Знаев што оставам. Не знаев што ме чека.

Од една страна имав сигурност. Од друга страна имав желба да создадам нешто свое и да живеам од она во кое верувам.

И повторно се појави моето старо „што ако?“

Што ако не успеам?
Што ако згрешам?
Што ако се покаже дека не сум доволно добра?

Но овојпат донесов одлука.

Ќе пробам.

Не знаев дали ќе биде лесно. Не знаев дали ќе успеам. Само знаев дека ако не тргнам, никогаш нема да дознаам.

А потоа, како и во секој пат, дојдоа и тешки периоди.

Имаше моменти кога работите не одеа како што треба. Периоди на застој, падови и предизвици за кои не бев подготвена.

И повторно стоев пред одлука.

Да продолжам или да се откажам?

Повторно во главата: Што ако…?
Што ако продолжам и стане уште потешко?
Што ако само уште повеќе вложувам, а ништо не се промени?
Што ќе кажат другите?

„Сите се на твојата листа. А ти?“ – Марина Петровска, велнес-советничка, зборува за грижата за себе која не е привилегија, туку неопходност

Но нешто во мене овојпат беше посилно од стравот.

И си реков: Не. Одам понатаму.

Интересно е што токму после одлуката почна да се менува нешто.

Не затоа што одеднаш сите проблеми исчезнаа.

Туку затоа што престанав да стојам во место.

Кога ќе донесеш одлука, како да почнуваат да се отвораат картите. Доаѓаат нови идеи. Нови луѓе. Нови можности. Почнуваш да гледаш излез таму каде што претходно гледаше само проблем.

И тогаш почнав да размислувам: од каде ми доаѓа тоа постојано „што ако?“

Можеби дел од одговорот е многу стар.

Од детството учиме што значи да бидеме „добри“. Да ги слушаме авторитетите. Да се трудиме. Да не разочараме. Да покажеме дека можеме.

И понекогаш, без ни да забележиме, растеме со чувството дека никогаш не сме доволно добри.

Направив нешто добро? Можам уште.

Постигнав нешто? Треба уште да докажам.

Успеав? Ајде да покажам дека можам повторно.

И можеби токму затоа, долго време не сум се плашела само од неуспех.

Сум се плашела и од тоа да бидам видлива.

Да застанам пред луѓето и да кажам: „Ова сум јас. Ова го можам. Ова го создавам.“

Затоа што ако си видлив, можеш да бидеш и проценет.

Но денес, кога ќе погледнам назад, гледам нешто што тогаш не сум можела да го видам.

Секогаш кога сум се осмелила да направам чекор, сум успеала да направам нешто од она што сум го замислила.

Не секогаш лесно.
Не секогаш веднаш.
Не секогаш на начинот на кој сум замислувала.

Но сум продолжила.

И можеби токму тоа е храброста.

Не да немаш страв.

Туку да не му дозволиш на стравот да одлучува наместо тебе.

Затоа, ако денес стоиш пред некоја одлука и во главата ти се вртат илјада „што ако?“…

Пробај еднаш да го поставиш прашањето поинаку:

А што ако успеам?

Не мора да го знаеш целиот пат.

Само направи го првиот чекор.

А на онаа помлада јас, која толку често се прашувала дали е доволно добра, денес би ѝ кажала:

Биди храбра.
Само напред.
Ти можеш.
И заслужуваш.

 

Направете го првиот чекор – пишете ѝ на Марина за совет, консултација и насоки.

Instagram: marina_healthyhabitscoach

Facebook: marina.petrovska.10

Марина Петровска, велнес-советник: Понекогаш една одлука донесена од љубопитност може да ти го промени животот

„Грижата за себе не е луксуз, туку првиот чекор кон подобар живот“ – Марина Петровска, велнес-советник, за малите навики што носат големи промени

Слични објави

Нема да верувате на што Ѓина Џиновиќ троши пари – за оваа услуга платила дури 10 пати повеќе

Еспресо

„Се ежам кога го гледам видеово“: Јелена Томашевиќ се преплаши од богомолка на концертот во Охрид

Т.Ц.

Сопругата на пријателот ја обвинила Нина Бадриќ дека им го растурила бракот: „Да бидам втора виолина – тоа не е мојот карактер“

Т.Ц.

Нови детали за врската на Хајден Панетје – Нејзиното момче со месеци ѝ се додворувало на друга жена

Т.Ц.

За малку избегната трагедија: На комбето во кое бил Слободан Радановиќ со бендот му отпаднало тркало при возење

Т.Ц.

Повеќе не се кријат: Јаков Јозиновиќ и Џејла Рамовиќ фотографирани заедно по шопинг во Загреб

Еспресо
Се вчитува....