12.8 C
Скопје
21:14 - 5 октомври, 2026

„Летај галебе“ ми дојде на сон: Како Кире Костов ја создаде песната што Верица Ристевска ја претвори во евергрин

„Галебе мој тажен“ одамна не е само песна на Кире Костов, Миодраг Врчаковски и Верица Ристевска. Таа стана песна што секоја нова генерација ја открива на свој начин.

А сè започнало со сон.

И со неколку такта запишани на кутија од цигари.

Токму така, според сведоштвото на Кире Костов, настанала „Летај галебе“, песната која во интерпретација на Верица Ристевска стана еден од најпознатите македонски евергрини.

„Летај галебе ми дојде на сон“, раскажува Костов во разговорот со новинарот Мишко Иванов.

Костов во тој период бил на одмор во Грција, во еден камп. Во текот на ноќта му „дошла“ целата песна, а со неа и дел од аранжманот. Се разбудил и веднаш сфатил дека мора да ја запише.

Ја разбудил сопругата и побарал ливче за да ги запише нотите. Но немал ниту ливче при рака. Тогаш пушел цигари „Филтер Југославија“, па ја скинал кутијата, зел пенкалце и на неа ги запишал нотите.

„Не ми требаше многу, ми требаше да напишам само 7-8 такта“, раскажува Костов.

Кога дошло време песната да добие глас, изборот не бил голем, се присетува Костов.

„Тогаш имавме броени пејачи. Немаше многу пејачи кај нас.“

Со Верица Ристевска биле генерација, а според неговите зборови, добро се познавале и многу се дружеле. Така песната стигнала до Верица.

А кога таа првпат ја испеала на големата сцена во Опатија, реакцијата била таква што Костов ја памети и по децении.

Целата публика, вели тој, занемела.

Меѓу присутните биле и големи имиња од тогашната југословенска музичка сцена, меѓу нив Габи Новак и Бисера Велетаниќ. И тие, според сеќавањето на Костов, биле воодушевени од песната.

Така една мелодија што започнала во сон, запишана на футрола од кутија цигари, добила глас што ќе ја направи незаборавна.

Песна за тага, но и за надеж

Текстот на „Летај галебе“ е на Миодраг Врчаковски. Во него галебот станува симбол на нешто многу поголемо од обична птица што лета над морето. Во песната има мрак, празнина и тага, но и постојан копнеж по светлина.

„Дај ми мало парче мирно сино небо / и стопли ми душа“ – можеби токму овие стихови го носат најсилното чувство во песната.

Зашто „Галебе мој тажен“ не останува само во тагата. Таа постојано бара излез од неа. Затоа можеби и денес песната не звучи само како песна од едно одамна поминато време. Нејзината емоција е универзална. Сè уште знаеме што значи кога ќе запее Верица: тага што бара светлина, душа што бара топлина и човек што, и кога е во мрак, сè уште верува дека некаде постои неговото мало парче мирно сино небо.

Слични објави

Теодора Џехверовиќ го објави списокот на сите естетски корекции

E.A.

„Ослабев 6 килограми, ама не како Сека Алексиќ“: Дара Бубамара во провокативно издание упати остри стрели кон колешката

E.A.

По смртта на Оливер Драгојевиќ, семејниот бизнис пропадна: Станот во Сплит е поделен, ова е вистината за наследството

Еспресо

„Харис Џиновиќ имаше афера со келнерка“: Водител изнесе скандалозни тврдења за бракот на пејачот и Мелина

Еспресо

Крајот на годината носи пресврт — овие три хороскопски знаци ги очекуваат најголеми промени до крајот на 2026 година

К.С

Тие се најплатените музички автори во Хрватска: Објавена официјалната листа, еден автор се најде во три категории

Еспресо
Се вчитува....