15:17 - 12 ноември, 2026

Едноставна, мирислива и сочна — рецепт за норвешка торта со јаболка

Норвешката торта со јаболка, позната како „еплекаке“, е еден од омилените традиционални норвешки десерти. Станува збор за едноставен и мирислив колач од ванила, кој пред печењето се збогатува со сочни парчиња јаболка, цимет и шеќер, пишува „Пун куфер“.

За разлика од многу други колачи со јаболка, овошјето не се додава директно во тестото, туку се реди на неговата површина. Рецептот е едноставен за подготовка и не бара посебни состојки.

Највкусна е додека е сè уште млака, послужена со топка сладолед од ванила, но одлично се комбинира и со шлаг или сос од ванила.

Фото: Pexels

Состојки

– 3-4 јаболка

– 200 г путер

– 200 г кристал шеќер

– 3 јајца

– 120 мл млеко

– 220 г бело брашно

– 1 лажичка прашок за печиво

– 1 лажичка ванилин шеќер

– 4 лажици шеќер

– 1 лажичка мелен цимет

За послужување:

– изматена слатка павлака

– сладолед од ванила

– сос од ванила

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени Целзиусови.

Дното на калап за торта со обрач што се отстранува обложете го со хартија за печење, а страните добро премачкајте ги со путер за колачот да не се залепи при печењето.

Излупете ги јаболката, исечете ги на четвртини и отстранете ги семките. Потоа исечете ги на парчиња со средна дебелина. Не сечете ги премногу тенко бидејќи може да ја изгубат текстурата при печењето, но ниту премногу дебело, за да можат добро да се испечат.

Матете ги путерот и шеќерот додека не добиете светла и воздушеста смеса. Додавајте ги јајцата едно по едно и по секое добро изматете. Сипете го млекото и кратко промешајте.

Просејте ги брашното, прашокот за печиво и ванилиниот шеќер, па постепено додавајте ги во смесата. Мешајте само додека не добиете мазно тесто.

Рамномерно распоредете го тестото во подготвениот калап. Наредете ги парчињата јаболка врз површината, најдобро во кругови, и нежно притиснете ги во тестото.

Одозгора рамномерно посипете ги шеќерот и мелениот цимет.

Печете го колачот околу 40 минути на долната решетка од рерната, односно додека не добие убава златнокафена боја.

Проверете дали е испечен со чепкалка за заби. Забодете ја во средината на колачот – доколку излезе без траги од сурово тесто, колачот е готов.

Оставете го испечениот колач да се излади во калапот пред да го извадите.

Послужете го млак со сладолед од ванила, шлаг или сос од ванила.

На здравје!

Слични објави

(Фото) Во бело пред жирито на „Гранд“ — Габриела Ристовска освои пет гласа, а Цеца побара аплауз за скопјанката

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо
Се вчитува....