15:18 - 12 ноември, 2026

(Фото) „Колку била убава!“: Теа Таировиќ сподели фотографија од детството и сите гледаат во нејзината мајка

Српската пејачка Теа Таировиќ неодамна сподели фотографија од детството која веднаш го привлече вниманието на нејзините следбеници.

Иако пораснала како дете на разведени родители, Теа Таировиќ секогаш истакнува дека е многу приврзана и со татка си и со мајка си.

Поради пејачката, тие го задржале пријателскиот однос, но секој продолжил со својот живот.

Теа неодамна се присети на еден момент од детството и сподели фотографија на која е девојче. Меѓутоа, нејзината мајка Божица се најде во центарот на вниманието, поради својата природна убавина.

 

„Колку преубава била мајката на Теа Таировиќ“, гласи еден од коментарите.

Инаку, Божица Малевиќ со години била водителка, а отсекогаш верувала во својата ќерка Теа.

„Верувале или не, отсекогаш знаев дека таа ќе се занимава со јавната сцена. Теа е дете кое прво почна да танцува, па потоа прооде. Знаев дека ќе биде во некои уметнички води, има од кого и да наследи. Нејзиниот татко е уметник, од мене можеби ја усвоила склоноста кон медиумите. Не мислев баш дека ќе биде пејачка, можеби дека ќе се занимава со глума“, открила мајката на Теа во една прилика, објавува „Хелоу“.

Освен тоа, и Теа признала дека нејзината мајка ѝ е голема поддршка во животот.

„Мајка ми ја прашувам за сè, и за мојата кариера и за односите со луѓето, колегите, за љубовните проблеми. Таа секогаш знае најдобро. Мајка ми се меша и во љубовните врски (ха-ха-ха). Добро, малку претерувам, не се меша баш во сè, но она што ми го кажува е секогаш важно за мене, ми сугерира дали некој не е добар за мене или ми укажува ако се однесувам лошо. За сè што кажува, се покажува дека била во право“, признала Теа своевремено.

 

Слични објави

(Фото) Во бело пред жирито на „Гранд“ — Габриела Ристовска освои пет гласа, а Цеца побара аплауз за скопјанката

К.С.

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо

(Видео) Младен Бодалец, пејачот на „Прљаво казалиште“ се струполи на сцената за време на концерт

Еспресо

(Фото) Љупка Митрова во златна креација од тантела — прослави две години од отворањето на своето модно студио во Струмица

К.С.

„По една коцка за сите“: Кеба почести со чоколадо за свадбата на својот син Игор

Еспресо

Не сме задоволни од тебе, нема да добиеш хонорар: Александар Михајловски раскажа непријатна случка

Еспресо
Се вчитува....