09:01 - 5 ноември, 2026

(Видео) „Ѕвона ѕвонат“ – љубовната балада на Љупка Димитровска и по 36 години буди спомени

И по повеќе од три децении, првите стихови на „Ѕвона ѕвонат“ се препознатливи за многу љубители на македонската забавна музика. Песната во изведба на Љупка Димитровска остави посебен белег, а нејзиниот настап на фестивалот „Макфест“ во 1990 година ѝ донесе победа и уште една потврда за нејзината популарност.

Музиката и аранжманот се дело на хрватскиот композитор Рајко Дујмиќ, додека текстот го напишале Ѓоко Георгиев и Марио Михајлевиќ. Станува збор за љубовна приказна исполнета со тага, разделба и неостварена надеж. Преку препознатливата мелодија и емотивната интерпретација, Љупка ја доловува болката на жената која заминува во нов живот, но сè уште не може да се ослободи од спомените за љубовта што ја изгубила.

Љупка Димитровска е родена на 25 јули 1946 година во Скопје, а музичката кариера ја започнала токму во родниот град. Во 1968 година се преселила во Загреб, од каде што ја изградила својата успешна кариера и станала позната низ поранешна Југославија. Нејзиниот репертоар опфаќа бројни хитови, а „Ѕвона ѕвонат“ останува една од песните по кои македонската публика најмногу ја памети.

Почина на 3 октомври 2016 година во Загреб, но нејзиниот глас продолжува да живее преку песните што оставија трага во музичкото сеќавање на генерации слушатели.

Интересно сеќавање за Љупка Димитровска сподели режисерот и актер Коле Ангеловски, кој во едно интервју од 2016 година откри дека таа била негова тинејџерска љубов. Двајцата се познавале од Детската радиодрама на МРТ, а тој раскажал дека имал 15, а Љупка 13 години кога се родиле неговите први симпатии кон неа. Ангеловски се присетил и на нејзината младешка љубов со Зафир Хаџиманов, како и на случка од нивната младост, кога Љупка, разочарана од љубовта, побарала тој да ја испрати дома.

Тој се присетил дека еднаш ѝ подарил три живи змии за да ја импресионира. Но, наместо да ја освои со необичниот подарок, Љупка толку многу се исплашила што цела година не му зборувала. Ангеловски со насмевка се присетил на оваа случка, која открива една помалку позната, младешка страна од животот на пејачката.

„Со Љупка Димитровска одевме заедно во Детската радиодрама на МРТ, и таа беше моја тинејџерска љубов. Многу ми се допаѓаше. Јас имав 15 години, а таа 13“, раскажува режисерот и актер Коле Ангеловски. „Беше црна и имаше голем нос. Се дружевме интензивно и поминувавме многу убаво време заедно зашто не ни плаќаа хонорари, но со Детската радиодрама летувавме во Иќиќи на Јадран или во Крушево. За да се направам дечко пред неа, една година во Крушево јас фатив три живи змии, ги ставив во кутија, и следниот ден и ги подарив на Љупка, за да ја импресионирам. Таа тогаш падна во несвест и не ми зборуваше цела година“., раскажа Ангеловски.

 

Слични објави

Хороскоп за 5 ноември: Скорпиите треба сериозно да се посветат на работата

Еспресо

Дали сте во врска во која полека се губите себеси? Овие 8 знаци откриваат дека љубовта ве исцрпува

К.С.

(Фото) Сара Јо позираше во провокативно модно издание – црниот фустан од тантела ја истакна нејзината витка фигура

Еспресо

Може да јаде во најскапите ресторани, но вечера ајвар и црн леб: Емина Јаховиќ ја открива тајната на витката линија

Еспресо

(Видео) Спомен стар 30 години го изненади Коки Јанков — обожавателка зачувала тетратка посветена на „Дуле и Коки“

К.С.

(Фото) И сестрата на Мелина се омажила за богаташ: Емина живее во луксуз во Турција, ретко се појавува во јавноста, а еве како изгледа

Еспресо
Се вчитува....