Пејачката Марија Шерифовиќ нема да се врати на евровизиската сцена на претстојниот избор во Бугарија во 2027 година, иако во јавноста се појавија шпекулации дека би можела повторно да ја претставува Србија, дваесет години по триумфот со песната „Молитва“.
Според медиумските, разгледувана била можноста пејачката повторно да биде избрана за претставничка, но таа ја одбила поканата поради веќе преземени професионални ангажмани и обврски во наредниот период.
Во меѓувреме, се отвори и прашањето за начинот на избор на српскиот претставник, откако по промените во раководството и укинувањето на досегашниот формат и јавниот конкурс, тимот на забавната програма се соочува со предизвик во краток рок да утврди како ќе се организира процесот за избор на песна и изведувач за следното евровизиско издание.
