Младиот поп-пејач Јаков Јозиновиќ, кој во последните месеци бележи голема популарност низ целиот регион, проговори за своите музички почетоци.
Талентираниот музичар од Винковци ја започнал кариерата настапувајќи во локалните пабови. Во тие рани денови најголема поддршка му била токму мајка му, која редовно го возела на неговите викенд-настапи.
За време на едно гостување, новинарите го прашале на што ги потрошил првите поголеми хонорари, а Јозиновиќ не се двоумел долго пред да одговори.
Објавениот извадок од интервјуто, кој го споделил порталот „Вијести.ба“, набрзо стана вистински хит на интернет и привлече голем број прегледи.
Во видеото, пејачот со насмевка на лицето се присетил на тој момент. Објаснил дека неговата мајка со години возела стар автомобил, кој, како што се пошегувал, поминал милион години и километри.
View this post on Instagram
Поради тоа, одлучил првите поголеми пари што ќе ги заработи да ги вложи токму во нејзината безбедност.
„Мислам дека прво нејзе ѝ купив автомобил“, искрено изјавил Јаков во разговорот.
Тој објаснил дека смета оти сигурното возило денес е основна човечка потреба. Истакнал дека неговата мајка целосно го заслужила тоа со сите жртви што ги направила за него, заклучувајќи дека тоа било единственото вистинско нешто што можел да го направи во тој момент.
Откако снимката стана јавна, социјалните мрежи се преплавија со коментари со поддршка и пофалби за Јаков.
