13:01 - 26 ноември, 2026

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Браќата Мартин и Стефан Филиповски од дуото „Некст тајм“, заедно со нивните менаџери и „Купи карта“, донираа 100 билети за концертот што ќе се одржи на 27 ноември во арената „Борис Трајковски“ во Скопје.
Со овој хуман гест, музичарите израдуваа 100 корисници и волонтери на хуманитарната организација „Свети Спас“, кои ќе имаат можност да уживаат во нивните песни.
Отец Оливер Петровски објави фотографија од донираните билети и јавно им се заблагодари на музичарите.
„Голема благодарност до нашите ‘Некст тајм’, менаџерите и kupikarta.mk кои донираа 100 билети за концертот, хуман гест кој израдува 100 корисници и волонтери на нашата организација.
На човекот секогаш не му е потребна само храна… Потребна му е и малку забава, а нашите браќа од ‘Некст тајм’ со билетите им го дадоа токму тоа.
Ви благодариме на радоста која ја давате со вашите безвременски хитови! Бог да ве благослови и награди за вашето човекољубие!“, стои во објавата.
Хуманитарната организација „Свети Спас“, која дејствува при Скопската православна епархија, со години им помага на социјално загрозените семејства. Нејзините активности вклучуваат донирање храна, облека и средства за хигиена, обезбедување топли оброци и организирање хуманитарни акции со помош на донатори и волонтери.

Браќата Филиповски ја започнаа својата музичка кариера во 2008 година како рок-дуо, а во изминатите години особено голем успех постигнаа со преработките на традиционалните македонски песни.

Слични објави

Неда Украден во домашно издание без шминка: „Најголема радост е со љубов да се подготви трпеза за најблиските“

Е.А.

(Видео) Верица Ристевска по долго време повторно пред скопската публика: легендарниот глас се враќа на сцената

Еспресо

Едита Арадиновиќ за мајчинството, кредитот за куќата и односот со поранешниот партнер: „Зоја има прекрасен татко, а мене во моментов ми е важен мирот“

Е.А.

Совршен десерт за студените денови — рецепт за сочен колач со цимет и овесно брашно

К.С.

Дневен хороскоп за 26 ноември: Не преземајте туѓи задачи ако веќе имате свои одговорности

apostolova

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.
Се вчитува....