Јубилејниот, 75-ти избор за Мис Универзум 2026 заврши на 24 ноември 2026 година во Сан Хуан, Порторико, а победничка беше претставничката на домаќин-земјата Џенифер Барето.
Порториканката Џенифер Барето (27) е новата Мис Универзум, а со нејзината победа е испишана историја. Првпат од основањето на овој избор во 1952 година, ласкавата титула ја понесе жена која е остварена и во улогата на мајка.
View this post on Instagram
Спектакуларното финале се одржа на 24 ноември во Сан Хуан, во салата „Хозе Мигел Агрелот“, каде пред домашната публика Џенифер триумфираше во конкуренција на повеќе од 110 убавици од различни делови на светот.
Српската претставничка Николина Вујчиќ го освои 30-тото место.
View this post on Instagram
Прекрасната Николина, со својата убавина се пласирала на 30-то место од 120 кандидатки, со што го повторила успехот од 2024 година кога српската мис Ивана Тришиќ исто така го освоила истото место.
Николина неодамна го покажа националниот костим, а инспирација за несекојдневната креација бил големиот научник Никола Тесла. Раскошниот костим е осмислен да потсетува на познатата Тесла спирала, а сребрените кристали и украси ѝ даваат посебен шарм на оваа креација.
Добро осмислените детали на круната, што ја носела мис Србија, ги прикажувале боите на српското знаме, а не треба да се изостави ниту кружната конструкција на нејзиниот грб која била впечатлив и ефектен момент на костимот.
View this post on Instagram
