14:01 - 21 ноември, 2026

(Фото) Од борбата повторно да застане на нозе до уживањето во ледените води – Ледената кралица Бетика покажа што ја прави среќна

Бети Котовчевска, девојката од Ресен позната како Бетика или „ледената кралица“, повторно покажа дека студената вода и природата се нејзината најголема љубов. На својот инстаграм-профил таа сподели прекрасни есенски фотографии и снимки од езеро опкружено со шуми во жолти, зелени и портокалови нијанси, со снежни планински врвови во далечината.

На фотографиите Бетика позира покрај водата во костим за капење, а потоа ужива и во пливањето, додека на мирната површина се отсликуваат облаците и есенските бои.
„Чиста среќа“, напиша таа на англиски јазик, опишувајќи го чувството додека ужива во природата.

Бети Котовчевска – Фото: Инстаграм

За Бетика, која со години се капе во студени реки, езера и водопади, ваквите моменти се многу повеќе од обично уживање. Студената вода станала важен дел од нејзиниот живот, но и симбол на личната борба што ја водела по тешка сообраќајна несреќа.

Кога имала само 18 години, Бетика била прегазена од автомобил, по што извесен период останала неподвижна. Несреќата ѝ ги променила плановите и ја прекинала нејзината десетгодишна посветеност на ракометот. Следувале тешки денови, разочарувања и борба повторно да ја врати самодовербата.

Бети Котовчевска – Фото: Инстаграм

Во едно од претходните интервјуа за „Слободен печат“, Бетика искрено зборуваше за периодот кога мислела дека нејзините соништа се уништени.

„Сите мои соништа пропаднаа, лекарите ми рекоа дека ќе останам со некаков инвалидитет. Ме скрши на милион парчиња“, раскажа таа.

Но, наместо да се откаже, решила да пронајде нова сила во себе. Инспирацијата ја нашла во методот на Холанѓанецот Вим Хоф, познат како „ледениот човек“, кој комбинира техники на дишење, изложување на студ и ментална дисциплина.

Со текот на времето, девојката која некогаш се плашела од студената вода станала позната по своите необични подвизи. Еден од најголемите предизвици ѝ бил престојот во Лапонија, Финска, каде што се капела во ледена вода при екстремно ниски надворешни температури од минус 34 степени.

Бетика учествувала и во експедиција на француските Алпи, каде што се искачувала во шорц и маица, соочувајќи се со снегот и ниските температури.

Во интервју за „Слободен печат“ таа зборуваше и за желбата постојано да ги надминува сопствените граници.

„Единствената личност со која можам да се натпреварувам сум јас“, рече Бетика, која со гордост ја носи титулата „ледена кралица“.

Таа е голем љубител на патувањата и природата, а преку своите објави на социјалните мрежи често испраќа пораки за храброст, истрајност и верба во себе.

Бетика неодамна таа на својот инстаграм-профил објави фотографија од реката Црн Дрим во Струга, каде што се капе и во ноември. „Сезоната официјално отворена“, напиша Бетика на фотографијата, на која се гледа како ужива во водата.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

Котовчевска одамна е позната по своите необични подвизи и капењето во ледени води на различни места низ светот. Нејзиниот личен рекорд е капење во екстремни зимски услови на минус 34 степени Целзиусови во Лапонија, Финска, во 2023 година. Оваа температура се однесува на надворешните услови, а не на температурата на водата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Betika ✨ (@_betika_)

Котовчевска одамна е позната по своите необични подвизи и капењето во ледени води на различни места низ светот. Нејзиниот личен рекорд е капење во екстремни зимски услови на минус 34 степени Целзиусови во Лапонија, Финска, во 2023 година. Оваа температура се однесува на надворешните услови, а не на температурата на водата.

Бетика раскажа дека нејзината љубов кон студената вода започнала кога имала 20 години, во период кога се соочувала со физички и психички тешкотии. Тогаш почнала да истражува начини како да го подобри своето здравје и да ја врати внатрешната сила.

„Бев дете коешто се капеше со врела вода и имаше слаб имунитет, но имав храброст и волја да се сменам себеси“, раскажа таа во интервјуто, објаснувајќи дека постепено почнала да го надминува стравот од студената вода.

Нејзина најголема инспирација е Холанѓанецот Вим Хоф, познат како „Ледениот човек“, чиј метод се темели на техники на дишење, постепено изложување на студ и ментална посветеност. Бетика го нарекува свој втор татко и вели дека неговата филозофија ѝ помогнала да го промени начинот на живот.

Со текот на годините, капењето во студена вода за неа прераснало во животна филозофија. Од студени тушеви стигнала до замрзнати езера, планински водопади и екстремни зимски услови во Лапонија.

Во февруари 2024 година, Бетика учествуваше и во експедиција на француските Алпи, каде што се искачи во шорц и маица, како дел од предизвик поврзан со методот на Вим Хоф.

Таа откри дека студената вода ѝ помогнала да ја врати самодовербата по тежок животен период. Тогаш зборуваше и за својата желба преку личните искуства да ги охрабри луѓето да веруваат во себе и да поминуваат повеќе време во природа.

Слични објави

Оваа намирница може да ја подобри меморијата — научниците открија што се случува со мозокот ако ја јадете секој ден

К.С.

Зорица Брунцлик за тешкото детство: „По разводот, кај мајка ми јадев едно јајце поделено на четири“

К.С.

„Можете да ме побарате на телефон“ – Ребека Јанковска-Ристески им понуди поддршка на родителите на деца со посебни потреби

Еспресо

Денеска е Аранѓеловден — што не треба да правите на големиот празник посветен на Свети Архангел Михаил?

К.С.

Дино Мерлин: „Татко ми замина кога имав седум години, а мајка ми правеше сè да нè изведе на прав пат“

Е.А.

Мирис на домашна кујна — рецепт за посни колачи со ореви што се топат во уста

К.С.
Се вчитува....