Српската актерка Оља Левиќ (35), која е позната по улогата во популарната серија „Игра на судбината“, деновиве ужива на егзотичниот Тајланд, од каде со своите следбеници редовно споделува фотографии од одморот.

Овој пат внимание го привлекла со фотографии од плажа на кои позира во црно бикини, кое ја истакнало нејзината совршена фигура и облини. Оља покажала како ги поминува сончевите денови на егзотичната дестинација, а со фотографиите кратко порачала: „Се работи на бојата“.
Судејќи според објавите, актерката максимално го користи секој момент од својот одмор, уживајќи во сонцето, морето и прекрасните пејзажи на Тајланд.

Нејзините фотографии брзо го привлекоа вниманието на следбениците, кои имаа можност да видат како Оља ги поминува деновите подалеку од работните обврски и камерите.
Оља неодамна објасни и дека улогата на Мила во серијата „Играта на судбината“ ја добила благодарение на фотографиите на Инстаграм, врз основа на кои многумина мислеле дека таа е, всушност, манекенка.

– Сега можеби повеќе и не мислат така, но многумина мислеле дека сум манекенка. Поради тоа, всушност, и бев поканета на кастингот. Бев поканета за ликот на Софија, врз основа на тие фотографии, бидејќи Софија е манекенка во серијата. Тие фотографии ми беа од некоја помош, ете да бидам поканета на кастингот и да ја добијам улогата на Мила. Јас откако направив профил на Инстаграм, мене некако тогаш ми тргна… Ја добив и оваа улога, и некои други работи. Така што Инстаграм е многу важен во денешниот свет, дали тоа мене ми се допаѓа или не, тоа е друго работа – раскажала актерката.
View this post on Instagram
