11.8 C
Скопје
23:40 - 18 март, 2024

Услови за преземање

Igor

Бесплатно преземање содржини од еспресо.мк надвор од овие услови е дозволено само во непосреден договор со редакцијата на еспресо.мк односно со одговорниот уредник.

Дозволено е бесплатно преземање на вести, извештаи и други написи од еспресо.мк само под следните услови:

  • дозволено е да се преземе наjмногу 25 % од содржината на текстот
  • на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целиот текст прочитајте го тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (обjави) линк до оригиналниот текст во еспресо.мк
  • ако текстот е потпишан од конкретен автор од еспресо.мк, во преземениот текст задолжително треба да се наведе името на авторот
  • насловот на текстот задолжително треба да почне со зборот „еспресо.мк“ и со интерпункцискиот знак две точки
  •  дозволено е да се преземат најмногу пет содржини дневно.

Забрането е бесплатно да се преземаат колумни објавени на еспресо.мк, освен во непосреден договор со одговорниот уредник на еспресо.мк. Без таков договор, дозволено е бесплатно да се објави само извадок од колумна, при што:

  • извадокот од колумната може да биде долг најмногу 10 реда од оригиналната објава во еспресо.мк
  • насловот на извадокот задолжително треба да почне со фразата која го содржи името на авторот на колумната и зборовите „за еспресо.мк“, по што следи интерпункцискиот знак две точки
  • на крајот од преземениот текст, треба да се објави реченицата „Целата колумна прочитајте ја тука“, а со зборот „тука“ да се поврзе (објави) линк до оригиналниот текст во еспресо.мк.

Преземање видеа и фотографии е дозволено само во договор со одговорниот уредник на еспресо.мк.

Тој што ќе објави содржина (вест, извештај или друг напис) надвор од условите за бесплатно преземање е согласен на издавачот на еспресо.мк да му исплати надомест од 2.000 денари за една содржина.

Тој што ќе објави колумна надвор од условите за бесплатно преземање е согласен на издавачот на еспресо.мк да му исплати надомест од 6.000 денари за една колумна. Издавачот таа сума целосно ќе му ја исплати на авторот на колумната.

Тој што ќе објави видео или фотографија надвор од условите за бесплатно преземање е согласен на издавачот на еспресо.мк да му исплати надомест од 6.000 денари за едно видео или една фотографија. Издавачот таа сума целосно ќе му ја исплати на авторот.

За прекршувања на овие услови, издавачот на еспресо.мк го овластува својот правен застапник да презема законски мерки спрема прекршителите.