12:06 - 13 ноември, 2026

(Аудио) „Меморија“ со песна „малер убива “ и повикува – „За добро да е“

Легендарната македонска група „Меморија“  во пресрет на својот голем славенички концерт закажан за 16-ти ноември 2024 во арената „Борис Трајковски“ по повод 40 години од своето постоење, во етер пушти уште една нова, петта по ред песна насловена „За добро да е“. Овој пат во прашање е нова авторска песна, чиј автор е новиот гитарист на бендот Рубин Димковски, додека автор на текстот е Душко Темелковски, некогашниот пејач на прилепската група „Бен Хур“.

Песната е стилски поинаква од сето она што досега групата го работела, во брз ска ритам, но со мошне заразен и певлив хорски рефрен и стихови од кои извира чиста позитива, што и тоа како ни е потребно на сите нас во овие матни времиња. Главниот вокал и овој пат го преземал Ристо Самарџиев, но во хорските рефрени пеат сите челенови на групата, што дава добар шлагворт за уште подобра интеракција со публиката која ќе ја пее во еден глас со групата на нивниот претстоен, славенички скопски концерт, на 16-ти ноември, но и на сите останати настапи во иднина.

Како и претходните новоизлезени песни и оваа е снимена во студиото „Тра ла ла“ на  Мите Димовски кој заедно со  Давор Јордановски ја изработиле музичката продукција, додека извршен продуцент е Петар Георгиевски – Камиказа.

Претпремиерно, слушнете како звучи „За добро да е“:

Песната официјално ќе биде промовирана на претстојната ПРЕСС конференција закажана за вторник, 1-ви октомври 2024 година во 13.00 часот во просториите на „Универзитет Скопје“.

 

Слични објави

(Фото+видео) Гламур во металик тоалета — Ана Ивановиќ ѝ врачи признание на Анџелик Кербер во Франкфурт

К.С.

Се израдував како мало дете: Денис Јанкуловски Космонаутко доживеа средба што ќе ја памети долго

Еспресо

(Фото) Секој ден патувал од Дојран до Гевгелија за да ја види — Игор Џамбазов раскажа како ја вдомил Ферхунде

К.С.

Мек колач за попладневното кафе — рецепт за куглоф со ванила и путер

К.С.

Дневен хороскоп за 13 ноември: Не ветувате повеќе отколку што можете да исполните

apostolova

Петок 13. по третпат годинава — како еден обичен датум стана симбол на лоша среќа?

К.С.
Се вчитува....