20.8 C
Скопје
01:41 - 9 септември, 2026

(Фото) Средба со Ива Цацкова, модел со интернационален успех: Уживам во секој момент од животот

Штипјанката Ива Цацкова (20) зачекорила во професијата модел на 13-годишна возраст со идеја да го изрази својот креативен дух и да се предизвика себеси во оваа динамична и интересна професија.

– Моделството ми овозможува да изразам различни аспекти на мојата личност преку фотографиите и да работам со луѓе од различни култури и професии. А најважно од сѐ е тоа што мојата најголема желба е да патувам – ни вели Ива на почетокот на разговорот.

Денес таа студира архитектура на внатрешен дизајн, вљубеник е во уметноста и креативното изразување. Објаснува дека токму оваа страст ја поттикнала да се посвети на моделството на кое гледа како на уште една форма на уметност.

– Мојата кариера ја започнав преку матичната агенција „Моделс ин“, каде ја добив можноста да се развивам и да работам како интернационален модел, на интересни проекти, со кои продолжувам да го надградувам моето искуство во оваа професија – вели Ива.

За еден од своите најголеми успеси го смета ангажманот во Турција, каде што имала прилика да учествува во голем број престижни проекти.

– Еден од најзабележителните моменти беше кога снимив кампања за „Хуавеј“, што беше навистина голема чест и признание за мојата работа како модел – ни раскажува.

Младата убавица смета дека е можно  да се живее од моделски ангажмани и во Македонија.

– Но, потребно е многу посветеност, упорност и работа. Пазарот можеби не е толку голем како во некои други земји, но со правилно планирање и професионализам, моделството може да биде одржлива професија – ни објаснува и додава дека професионализмот во оваа фела е клучен.

„Важно е да си посветен, да ги почитуваш роковите и да имаш сериозен пристап кон секоја задача. Соработката со професионални тимови е важна за да се постигнат високи и квалитетни резултати и да се гради добра репутација“.

Себеси се гледаа како успешен модел со меѓународна кариера, со многу повеќе реализирани проекти на глобално ниво.

– Плановите ми вклучуваат проширување на мојата кариера во други модни центри, како Париз или Милано, и соработка со познати модни брендови – додава Ива.

А кога не е пред објективите, таа е опуштена, љубопитна и спонтана личност. Така се опишува себеси. Вели дека најмногу од сè сака да патува, да запознава нови култури и да ужива во секој момент од животот.

На прашањето дали верува во љубов и што е потребно да поседува еден маж за да ја освои, убавицата ни одговара:

„Да, верувам во љубов. За да ме освои некој маж, најважно е да биде искрен и со силен карактер. Ценам кога некој е амбициозен и посветен на своите цели, исто како што јас сум посветена на моите“.

 

Слични објави

Катарина Живковиќ откри дека посакува уште едно дете: „Подготвена сум за второ“

apostolova

Каролина Гочева го донесе холивудскиот гламур во Скопје: Блесна во бела креација покрај Хосе Карерас

Еспресо

Време е за нов фустан – Најубавите свечени модели со сезонски поволности ве очекуваат во бутикот „Прагма“ во ГТЦ

Еспресо

Новинарот Сунаи Сабриоски: Прилеп нема центар, туку срце што отчукува

Еспресо

Јована Јеремиќ се огласи откако сопственик на дуќан ѝ „подари половина продавница“

E.A.

„Немаше финансии да ме поддржи, но ме туркаше напред“: Ивона Јо со нераскажана приказна за покојниот татко

Еспресо
Се вчитува....