13.8 C
Скопје
15:38 - 28 октомври, 2026

Соседите го одврзаа јазикот за разводот на Милан Калиниќ: Шок детали, „тој е тежок човек“, одамна не живеат заедно!

Јавноста неодамна беше изненадена од веста за разводот на познатиот водител и актер Милан Калиниќ и неговата сопруга Сандра, по речиси две децении заеднички живот.

Оваа вест предизвика големо внимание во јавноста со оглед на тоа што Милан и Сандра важеа за еден од најстабилните парови на регионалната јавна сцена. Сега соседите го одврзаа јазикот за српска Република, и откриле дека тој одамна не живее во заедничкиот стан со неа во Вождовац.

– Овде не живее долго време. Го забележавме затоа што неговиот џип веќе не е паркиран овде, туку доаѓа понекогаш. Често доаѓа овде со скутер, со кацига, најчесто навечер. Останува таму два-три часа и потоа слушам како си оди скутерот – тврди соседот и продолжува:

– Претходно секогаш ги гледавме заедно и расположени. Сепак, мислам дека додека жената молчи, добро е, кога зборува и забележува некои работи, настанува проблем. Тој е успешен, славен, згоден, таквите ги сакаат младите девојки. Еве, ќе раскажам приказна од пред некое време кога жена му ја немаше. Една вечер седев на тераса и една девојка се паркираше со кола. Таа чекаше некое време како вие сега и потоа тој излезе. Тој реагираше многу луто и ја праша зошто се паркирала пред зградата, а потоа со неа влезе во автомобилот и си заминаа. Немам добри зборови за него како комшија. Тој е нерасположен и тежок, додека таа е одлична жена – изјави комшијата за српски „Курир“.

 

Слични објави

Постојано ви е студено, дури и кога на другите им е топло? Ова се можните причини

К.С.

„Знам дека е оженет, но што сега“: Наташа Беквалац изненади со изјавата за својот колега

Еспресо

Личната готвачка на Новак Ѓоковиќ ги откри тајните на неговата исхрана

Е.А.

Аца Амадеус шокираше со признанието за тетоважите на лицето: „Секоја ми помогна да не убијам некого, а оваа ја направив од стрес“

Е.А.

Маја Саздановска објави ретка фотографија со ќерката Срна, која сама ја одгледа по смртта на сопругот

Еспресо

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.
Се вчитува....