12:01 - 26 ноември, 2026

Неда Украден во домашно издание без шминка: „Најголема радост е со љубов да се подготви трпеза за најблиските“

Пејачката Неда Украден уште еднаш покажа како изгледа далеку од сценските рефлектори, шминката и гламурозните тоалети, споделувајќи на социјалните мрежи фотографии од семејната атмосфера во својот дом по повод празникот Собор на Свети Архангел Михаил и останатите небесни бестелесни сили.

На една од објавите таа позира во удобно, секојдневно издание и без шминка, додека во кујната самата ги подготвува намирниците за празничната трпеза, покажувајќи дека со задоволство учествува во организацијата на семејниот собир. Подоцна, во поелегантна комбинација, го забележа и моментот на палење на славската свеќа покрај подготвената трпеза со славски колач.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Neda Ukraden (@neda.ukraden)

Покрај фотографиите, пејачката сподели и топла порака посветена на семејството, мирот и заедништвото:

„Кога во домот владеат мир и слога, најголема радост е за своите најмили со љубов да се подготват омилените јадења и да се исполни домот со топлина што буди благодарност“, напиша Украден.

Со оваа објава таа им ја покажа на своите следбеници својата приватна, семејна страна, која ретко имаат можност да ја видат на сцената.

Слични објави

(Видео) Верица Ристевска по долго време повторно пред скопската публика: легендарниот глас се враќа на сцената

Еспресо

Едита Арадиновиќ за мајчинството, кредитот за куќата и односот со поранешниот партнер: „Зоја има прекрасен татко, а мене во моментов ми е важен мирот“

Е.А.

Совршен десерт за студените денови — рецепт за сочен колач со цимет и овесно брашно

К.С.

Дневен хороскоп за 26 ноември: Не преземајте туѓи задачи ако веќе имате свои одговорности

apostolova

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Фото) Порториканката Џенифер Барето е новата Мис Универзум, а еве на кое место заврши мис Србија 

Еспресо
Се вчитува....