09:02 - 26 ноември, 2026

Совршен десерт за студените денови — рецепт за сочен колач со цимет и овесно брашно

Ако сте љубители на мирисот на цимет и на едноставните домашни десерти, овој колач е одличен избор за студените ноемвриски денови.

Инспириран од популарните ролнички со цимет, колачот се подготвува со овесно брашно, грчки јогурт и јаворов сируп. Наместо класичен фил со шеќер, се користи комбинација од урми, пире од јаболка и цимет, која му дава природна сладост и сочност.

Одлично се комбинира со шолја топло кафе или чај, а неговата подготовка е значително поедноставна од онаа на традиционалните ролнички.

Состојки

– 200 г овесно брашно
– 130 г интегрално пченично брашно
– 30 г пченкарен скроб
– 2 лажички прашок за печиво
– ½ лажичка сода бикарбона
– ½ лажичка сол

За филот:

– 130 г паста од урми
– 130 г незасладено пире од јаболка
– 2 лажици мелен цимет

За преливот:

– 120 мл кокосово млеко
– 1 лажица јаворов сируп
– ½ лажичка екстракт од ванила

Подготовка

Во подлабок сад изматете ги јајцата со јаворовиот сируп, па додајте ги растопениот путер, ванилата и грчкиот јогурт.

Додајте ги двата вида брашно, пченкарниот скроб, прашокот за печиво, содата бикарбона и солта. Мешајте додека состојките не се соединат.

Истурете ја смесата во намастена тава и рамномерно распоредете ја. Со лажица нанесете го филот од цимет на повеќе места, а потоа со нож направете вителести шари.

Печете од 20 до 25 минути, а потоа оставете го колачот малку да се излади.

Во меѓувреме, измешајте ги кокосовото млеко, јаворовиот сируп и ванилата. Со добиениот прелив прелијте го колачот, исечете го на парчиња и послужете.

Добар апетит!

Слични објави

Дневен хороскоп за 26 ноември: Не преземајте туѓи задачи ако веќе имате свои одговорности

apostolova

Денеска се празнува Свети Јован Златоуст — што е убаво да направите во чест на големиот светител?

К.С.

(Фото) Порториканката Џенифер Барето е новата Мис Универзум, а еве на кое место заврши мис Србија 

Еспресо

(Видео) Четири и пол часа во воз без греење: Зарина Првасева со апел за достоинствен железнички превоз

Еспресо

Неда Украден ја откри точната сума на нејзината пензија: „Не носам пари на Кајманските Острови“

Еспресо

(Фото) Вељко и Богдана Ражнатовиќ ја прославија годишнината – ја одведе на свечена вечера со блиските пријатели

Еспресо
Се вчитува....