Македонската инфлуенсерка Миа Костова, по враќањето од патувањето во Дубаи, одговараше на прашања од своите следбеници на Инстаграм, при што откри детали за своите финансиски навики, односот кон парите и плановите за изградба на куќа во Соње.
Костова, која често споделува фотографии од патувања и луксузни модни додатоци, истакна дека уживањето во заработените пари не треба да биде на сметка на финансиската сигурност. Според неа, важно е човек да има јасна цел и да не троши повеќе од своите можности.
„Имам една теорија, а таа е дека парите мора да вртат за да ги имаш.
Тоа не значи дека треба да се однесуваш како да нема утре, но мора да имаш идеја за утре“, напиша Костова.
Инфлуенсерката смета дека ниту претераното штедење ниту неконтролираното трошење не се добри финансиски навики.
„Претерано стискање пари е ужас затоа што утре може да те нема, исто како што и расфрлање со пари може да значи дека си имала можност, ама ти завршила во ташни.
Баланс и цврсто стоење на земја. Дозволи си сè, но не се однесувај како парите да растат на дрво. Ниту едни пари не се непотрошливи.
Цени ги, уживај ги, нека се вртат, ама имај крајна мисла за поголема цел“, додаде таа.
Костова се осврна и на задолжувањето за купување луксузни производи и одржувањето животен стил што не соодветствува со реалните приходи.
„Живеј денес, плати ручек колку ташна, тоа ќе остане – ташната ќе ја изгустираш. Немој да глумиш статус кој ќе те донесе на место на кое е многу лошо ако ги нема.
Баланс. Кредит за ташна е без памет. Брз кредит за Нова година исто така. Ако имаш, шетај, купи и остави за не дај Боже“, порача инфлуенсерката.
Изградбата на куќата во Соње сè уште чека документација
Едно од прашањата на следбениците се однесуваше и на изградбата на куќата во Соње, каде што Костова купи земјиште и каде што во иднина ќе биде сосетка со својата пријателка Тијана.
Инфлуенсерката откри дека сè уште е во процес на обезбедување на потребната документација за градба. Притоа, нагласи дека инсистира сите постапки да бидат спроведени во согласност со законските прописи.
„Јас сум фрик кога се работи за чисти документи, сè по закон – од личен данок до земја и градење.
Никому и никогаш не сум должела 2 денари. Заостаната сметка или кредит не знам како изгледа“, напиша таа.
Костова додаде дека не сака да користи лични познанства за да ги забрза административните постапки и дека е подготвена да почека додека ги добие потребните дозволи.
„Не живеам со мислата ‘имам луѓе’. Така и ова.
На намигнување и ‘ај бе терај – кај мене не постои’. Регуларни дозволи за градба се многу време.
При крај сум. Па, со Господ напред….“, откри инфлуенсерката.
