12:02 - 25 ноември, 2026

(Фото) Лила Филиповска ужива во празничната магија на Париз — ноќно крстарење по Сена и божиќни светилки на Шанзелизе

Македонската телевизиска водителка Лила Филиповска деновиве престојува во Париз, каде што во друштво на своите пријателки ужива во предбожиќната атмосфера на француската метропола.

На својот инстаграм-профил, 55-годишната водителка сподели серија фотографии и видеа од патувањето, на кои се прикажани дел од најпознатите знаменитости на француската престолнина.

Филиповска позираше пред Ајфеловата кула, уживаше во ноќно крстарење по реката Сена и присуствуваше на традиционалното палење на божиќните светилки на авенијата Шанзелизе.

Ова е нејзина трета посета на Париз, а судејќи според пораката што ја сподели со своите следбеници, француската престолнина има посебно место во нејзиното срце.

„Некои градови ги посетуваш. Париз едноставно го доживуваш. И така веќе три пати и секогаш сакаш повторно“, напиша водителката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)


За време на престојот, Филиповска и нејзините пријателки го посетија и празнично украсениот излог на француската модна куќа „Диор“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lila (@lilafilipovska)

Водителката и претходно зборуваше за значењето што патувањата и празничната атмосфера го имале за неа, особено во периодот кога се соочуваше со ракот на дојка.

Слични објави

Николина Пишек доживеала сообраќајна незгода во Хрватска: „Се обиде да ми го одземе телефонот и побегна, беше видливо пијан“

Е.А.

(Фото) Кристина Арнаудова се потсети на младешките денови со сопругот: „Една убава битолска пролет“

Еспресо

Неда Украден започна нов бизнис во Белград: „Повеќе ги сакам неинвазивните методи на нега отколку хируршките зафати“

Е.А.

Тајната е во една евтина состојка — рецепт за совршено крцкаво и сочно похувано пилешко месо

К.С.

Дневен хороскоп за 25 ноември: Не плашете се да предложите нешто различно

Е.А.

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.
Се вчитува....