Најмладиот син на Лепа Брена, Виктор Живојиновиќ, и неговата девојка Александра Гашиќ ги започнаа празничните подготовки во својот луксузен стан на 40. кат во Нов Белград, чија вредност се проценува на околу 700.000 евра.
Иако многумина би очекувале да изберат раскошна и богато украсена декорација, двојката овојпат се одлучила за целосен минимализам.
На нивната новогодишна елка нема ниту еден лампион, ја украсиле само со ситни светилки и голема црвена кадифена машна.
Сепак, она што го привлече најголемото внимание на следбениците на социјалните мрежи е необичниот детаљ на самиот врв на елката. Наместо традиционална ѕвезда, таму удобно се сместил нивниот сив папагал. Александра веднаш ја споделила оваа симпатична глетка на својот профил на Инстаграм, со духовит коментар дека станува збор за „врв за кој не знаеле дека им е потребен“.

Да потсетиме, Виктор и Александра веќе извесно време уживаат во заедничкиот живот, откако таа се преселила во неговиот простран стан со поглед на градот. Младиот претприемач повремено споделува моменти од секојдневието на социјалните мрежи, додека Александра неодамна го привлече вниманието на јавноста кога отворено одговори на негативните коментари за нејзиниот физички изглед.
„За него сум најубава. И да, моето момче готви многу добро, па се здебелив некој килограм. Не бидете толку строги. Тој ме избра мене“, порачала тогаш Александра.
