10:12 - 24 ноември, 2026

(Видео) Таско искрено за загубата на првото бебе: „Сфатив дека имам личност којашто стварно ќе биде бетон до мене“

Македонскиот рапер Христијан Тасковски, познат како Таско, отворено зборуваше за загубата на првото бебе со својата сопруга Наташа и за тоа како ова тешко животно искуство дополнително ја зацврстило нивната љубов.

Музичарот гостуваше во емисијата „Полиграф“ со Стефонатор, каде што одговараше на прашања за приватниот живот, семејството и промените што му ги донело родителството.

Таско и Наташа денес се родители на две деца, но пред да ја доживеат радоста на родителството, се соочиле со загуба на бременоста.

На прашањето дали загубата на првото бебе е моментот што најмногу ја зацврстил неговата љубов кон Наташа, раперот одговори потврдно, објаснувајќи колку му значи поддршката што ја добива од сопругата.

„Да, дефинитивно. Затоа што сфатив дека конечно во мојот живот имам личност којашто стварно ќе биде бетон до мене и ќе се бори до крај за сите работи. И тоа го гледам и сега, кога се грижи за децата, кога се грижи за мене, кога се грижи за хармонијата во домот. Затоа што жената ја носи светлината во домот. Ако имаш правилна жена покрај себе можеш многу работи да направиш. И мислам дека и кај жените е исто, кога жената го има правилниот маж покрај нејзе, може и она многу да направи, дупло повеќе може да направи. И гледам по односот на децата спрема нејзе, дека е на правиот пат. Иако знаеме да бидеме тешки како родители сами на себе, тоа што децата го кажуваат не лажат“, изјави Таско.

Во разговорот музичарот откри и дека неговите родители на почетокот не ја одобрувале врската со Наташа, најмногу поради нејзиниот изглед и тетоважите. Со текот на времето, меѓутоа, нивниот однос се променил, а денес брачниот пар ја има нивната поддршка.

„Да, како што гледаш денес. Наташа ми е жена и имаме две прекрасни деца. Функционираме поубаво од било кога“, истакна тој.

Родителството му помогнало да ги промени животните навики

Таско зборуваше и за влијанието што раѓањето на неговите деца го имало врз неговиот начин на живот. Тој призна дека во минатото имал проблеми со алкохолот и дека родителството го поттикнало да се откаже од навиките за кои некогаш мислел дека нема да успее да ги промени.

„Имав проблеми…. да речам некои забавни моменти со алкохолот и со некои други работи. Кои тогаш мислев дека се забавни. Од оваа гледна точка, сум живеел во константен пекол и loop од којшто стварно мислев дека нема да излезам никогаш.

Но, фала му на Господ и на сите до мене, сега веќе скоро две години сум стрејт“, објасни музичарот.

Тој додаде дека се смета себеси за добар татко, а зборувајќи за семејниот живот, особено го истакна значењето на меѓусебната поддршка меѓу партнерите и односот што неговата сопруга го гради со нивните деца.

 

Слични објави

(Фото) Маја Гроздановска-Панчева изгледа неверојатно на 53 години — пејачката се појави во елегантно издание на настап во Скопје

К.С.

Дневен хороскоп за 24 ноември: Добрата организација ќе ви помогне да избегнете непотребна нервоза

apostolova

„Не сакаше да излезе од куќата, па морав јас да ја напуштам“: Ќерката на Дино Дворник за болниот развод со Британецот

Еспресо

„Живеам на село и не ми е гајле за килограмите“: Индира Радиќ проговори за своето здравје и повлекувањето од сцената

Еспресо

(Фото+видео) Хрватската мис прошета на Мис Универзум во фустан направен од 200 старински миленца

Еспресо

„Ајде да ставиме крај и секој по својот пат“: Мустафа Сандал проговори за Емина Јаховиќ и разговорот што му го променил животот

Еспресо
Се вчитува....