15:02 - 23 ноември, 2026

(Фото) „Засекогаш ќе ти бидам другар“: Обожавателка на Тоше Проески доби винил-плоча од неговото семејство, го чува и пенкалото со кое ѝ дал автограм

Ема Тодоровска, долгогодишна обожавателка на Тоше Проески, доби винил-плоча од албумот „Игри без граници“ како подарок од семејството на починатиот пејач. Плочата ѝ ја испратил неговиот внук Кристијан Ристески, а Тодоровска ја сподели својата благодарност преку објава на Инстаграм.

Таа објави фотографија од подарокот, заедно со автограм што го добила лично од Тоше пред многу години. Во објавата откри и дека сè уште го чува пенкалото со кое пејачот ѝ ја напишал посветата и дека оттогаш никогаш не го употребила.

Тодоровска е обожавателка на Тоше уште од седумгодишна возраст, а на социјалните мрежи редовно споделува фотографии и спомени поврзани со него.

Во својата објава таа се осврна на посветата што ја добила од пејачот, во која тој ѝ напишал: „Од сега и засекогаш ќе бидам твој другар“.

„Некои ветувања, се толку искрени и слободни од концептот на времето, што патуваат низ сите димензии и нишки од кои е направен универзумот, и наоѓаат начин да пристигнат баш кога е најпотребно“, напиша Тодоровска.

Таа истакна дека подарокот од семејството на Проески има големо лично значење за неа.

„Би сакала да можам да опишам колку ми значи овој подарок од семејството на Тоше, но зборовите тука немаат моќ.

Сите верзии на Ема во мене од кога знаат за Тоше, од 7 години до денес, подеднакво силно ја носат љубовта за него. Секој ден“, напиша таа.

Во продолжение му се заблагодари на Кристијан Ристески, а во дополнителна забелешка го објасни и значењето на пенкалото прикажано на фотографијата.

„П.С. Да, пенкалото на сликата е истото со кое ја напиша посветата. Неупотребувано никогаш од тогаш“, додаде Тодоровска.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ema Todorovska (@todorovskaema)

Тоше Проески почина на 16 октомври 2007 година, на 26-годишна возраст, во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка во Хрватска. Неговиот последен студиски албум објавен за време на неговиот живот, „Игри без граници“, излезе во 2007 година.

Деветнаесет години по неговата смрт, неговите обожаватели продолжуваат да ги споделуваат спомените од средбите со пејачот, како и личните предмети и посвети што ги добиле од него.

Слични објави

(Фото) Ноември е месец за топли и елегантни комбинации – одберете го вашиот фаворит од новата колекција во „Капитол“

Еспресо

(Фото+видео) Мис Србија Николина Вујчиќ ќе ја претставува земјата на Мис Универзум во костим инспириран од Никола Тесла

Еспресо

(Видео) „Ни Шутка не е тоа што беше“: Јелена Спенџарска на шопинг во Шуто Оризари, откри што ја разочарало

К.С.

Рецепт за совршен качамак без грутки – тајната за кремаста текстура е во еден едноставен трик

К.С.

(Фото) Каролина Гочева и Михаил Корубин на романтична прошетка во Загреб: дожд, уметност и моменти за паметење

Еспресо

(Фото) „Ако зборувате зад мојот грб, барем уживајте во погледот“: Елена Ѓорговска во впечатливо модно издание во Мајами

К.С.
Се вчитува....