Пејачката Неда Украден вчера го прослави големиот празник Свети Архангел Михаил, а атмосферата од својот дом ја сподели со следбениците на социјалните мрежи. На првата фотографија, Неда покажала како течат подготовките во кујната, каде што со ракавици сечела сланина на даската, додека покрај неа се наоѓал сад со сечкано суво месо, свеж магдонос и кромид.
По вредната работа во кујната, Неда се дотерала и облекла елегантна бело-црна кошула за свечено да ги пречека гостите. На друга фотографија се гледа како насмеано пали голема славска свеќа поставена во бел декоративен држач за свеќи на трпезариската маса.
View this post on Instagram
Пејачката се потрудила сè да биде на свое место и се погрижила за секој детаљ. Покрај свеќата, на свечено поставената маса со бел чаршаф се наоѓа украсената славска погача, плитки и длабоки чинии со цветни мотиви, прибор за јадење и чаши за вино, кои ги подготвила за своите најмили.
