14:02 - 22 ноември, 2026

„Сè уште сум преплашена“: Српската пејачка била во авионот на „Ер Србија“ кој беше погоден од гром

Во текот на летот од Белград до Мостар, кој во петокот го изврши авион на компанијата „Ер Србија“, се случи необичен инцидент кога авионот беше погоден од гром. Во тој момент во авионот се наоѓала и српската пејачка Александра Младеновиќ, која заедно со другите патници се најде во оваа непријатна ситуација.

По безбедното слетување на аеродромот во Мостар, Александра Младеновиќ се огласи пристигнувајчи во хотелот и го сподели своето искуство на социјалните мрежи:

– Му благодарам на Бога што слетавме живи и здрави… Сè уште сум преплашена! – напиша таа на Инстаграм.

Да потсетиме, станува збор за летот JU634 од Белград до Мостар, кој во петокот беше погоден од гром. Авионот слета на аеродромот во Мостар и беше испратен на технички преглед, а повратниот лет за Белград беше откажан.

Екипажот го пријавил ударот од гром по слетувањето на меѓународниот аеродром во Мостар, потврди за „Херцеговина.инфо“ директорот на аеродромот Марко Ѓузел.

Според првите информации, постоело сомневање дека е оштетен дел од опашката на авионот, но „Ер Србија“ не го потврди ова.

Од компанијата наведоа дека авионот бил погоден од гром поради неповолните временски услови во регионот и дека бил испратен на технички преглед од безбедносни причини.

– Станува збор за појава што не е невообичаена во комерцијалниот воздушен сообраќај и за која современите патнички авиони се проктирани и сертифицирани  – соопштија од „Ер Србија“.

Повратниот лет JU635 од Мостар до Белград, планиран во 15:15 часот, беше откажан. Од компанијата наведоа дека на патниците им е обезбеден алтернативен превоз и се извинија за непријатностите.

 

Слични објави

Не ги чувајте компирите на ова место — грешка што многумина ја прават во зима, а поради која побрзо се расипуваат

К.С.

(Фото) На поранешната сопруга на Игор Којиќ ѝ пристигнало изненадување пред вратата, па го покажа раскошниот подарок

Еспресо

Хасан Дудиќ за клиничката смрт, односот со Злата Петровиќ и семејството: „Никогаш не сум бил на ничија сметка, сè сум стекнал со труд“

Е.А.

Ела Дворник откри што ѝ се случувало по разводот: „Одлучија да се повлечат“

Еспресо

Што треба да јадете за појадок по 40-тата година? Овие намирници помагаат да ги зачувате мускулите и енергијата

К.С.

Дара Бубамара за непријатноста на германската царина и односот кон соработниците: „Кога имам јас, имаат сите“

Е.А.
Се вчитува....