Киселкастите вишни и чоколадните бисквити се спојуваат со нежен крем од слатка павлака во оваа торта без печење. Додека отстојува на ладно, бисквитите омекнуваат и вкусовите се поврзуваат. За подготовката одвојте околу 40 минути, а потоа оставете ја да се лади преку ноќ.
Состојки
За 8 до 10 парчиња:
– 680 г вишни без семки, свежи или замрзнати
– 40 г несолен путер
– 50 г шеќер
– 1 лажица лимонов сок
– 1 лажичка пченкарен скроб
– 720 мл ладна слатка павлака за матење, со најмалку 35 отсто млечна маст
– 1 лажичка екстракт од ванила
– Прстофат сол
– 255 г тенки чоколадни бисквити
– Рендана темна чоколада за украсување, по желба
Подготовка
Загревајте ги вишните со путерот, половина од шеќерот, лимоновиот сок и скробот. Мешајте 8 до 10 минути, додека да добиете густ овошен фил. Изладете го.
Изматете ја павлаката со ванилата, солта и преостанатиот шеќер до цврст крем.
Во калап со обрач од 23 сантиметри размачкајте малку крем. Наредете третина од бисквитите, па крем и половина од вишните. Повторете, а завршете со бисквити и крем.
Покријте и ладете 6 до 12 часа во фрижидер. За поцврсти парчиња, оставете ја во замрзнувач, па подомекнете ја пред послужување. Украсете со рендана чоколада.
