09:50 - 20 ноември, 2026

(Фото+видео) Емотивен момент на свадбата на Јована Јеремиќ: се расплака пред гостите, а причината е трогателна

Познатата српска водителка Јована Јеремиќ и нејзиниот избраник, бизнисменот и кикбоксер Милош Стојановиќ Тигар, го изговорија судбоносното „да“ на интимна церемонија во Белград, но свадбената прослава набрзо ја одбележа трогателен момент поради кој заплакаа и присутните гости.

Љубовната приказна на српската водителка Јована Јеремиќ (36) и бизнисменот и спортист Милош Стојановиќ Тигар го доби својот најубав завршеток. Двојката во четвртокот се венчаше во црквата „Света Петка“ на Калемегдан во Белград, по што во еден престижен ресторан следуваше свечена вечера за најтесниот круг семејство и пријатели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

Иако младенците инсистирале на целосна приватност и ги замолиле гостите да не објавуваат фотографии и снимки од прославата, детали од нивниот голем ден сепак протекоа во јавноста и открија колку емотивен бил целиот настан.

Првиот танц и трогателниот говор на младоженецот

Младенците не ги симнувале насмевките од лицата, а особено романтичен бил нивниот прв танц на безвременскиот хит на Здравко Чолиќ „Ти можеш све, ал’ једно не“. Прегратките и вљубените погледи ги разнежниле присутните, а по танцот двојката одлучила да им се обрати на гостите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Republika (@republika.rs_zabava)

Прв за збор се јавил младоженецот, заблагодарувајќи им се на сите што го разубавиле нивниот посебен ден.

„Ви благодарам на сите што дојдовте – роднини, пријатели, кумови – за да го разубавите овој наш ден на љубовта, чистата љубов и нашата свадба“, порачал Милош.

Солзи поради најголемата загуба

Сепак, атмосферата во миг се променила кога микрофонот го презела Јована. Иако јавноста е навикната да ја гледа како исклучително силна и гласна жена, овојпат не успеала да ги задржи солзите. Пред најблиските ја отворила душата и признала дека во најсреќниот момент од животот неизмерно ѝ недостасува личноста што најмногу ја сакала – нејзиниот покоен татко, кој починал минатата година.

„Ви благодарам многу. Срцето ми е полно, бев многу емотивна и во црквата. Сакам да споменам дека сум особено емотивна затоа што денеска со нас не беше некој што најмногу сум го сакала, а тоа е мојот татко. Во црквата, додека траеше церемонијата, мислите постојано ми беа таму далеку, со него. Знам дека татко ми денеска ќе беше среќен да ме види во ова издание, со оглед на тоа што почина во моментот кога ме гледаше многу тажна, во 2025 година. Денеска сум најсреќна на светот затоа што знам дека татко ми денеска е тука со нас“, рекла Јована низ солзи, пренесуваат српските медиуми.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pink.rs (@pink.rs)

Нејзиниот новопечен сопруг веднаш ја прегрнал, цврсто ја привлекол кон себе и со бакнежи ѝ пружил утеха, што дополнително ги разнежнило сите присутни во салата.

„36 години те чекав“

По емотивниот момент, водителката повторно им се обратила на гостите во својот препознатлив, искрен стил, истакнувајќи дека прославата ја организирала исклучиво за себе и за љубовта што ја изградиле таа и Милош.

„Сакам убаво да си поминете и да ви биде пријатно. Денешното дружење со Милош го организирав за нас, ќе бидам малку субјективна и себична – за себе, за мојата душа да биде на вистинското место. 36 години од животот те чекав! Затоа повеќе никогаш нема да се разделиме, до крајот на животот! Уживајте“, заклучила Јована, по што прославата продолжила до доцна во ноќта, пишува Стори.хр.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milos Stojanovic Tigar (@milos_tigar)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

Слични објави

Кремасто задоволство со вишни и чоколадо — рецепт за торта без печење

К.С.

Дневен хороскоп за 20 ноември: Искористете го денот за донеување на важни одлуки, но бидете внимателни

apostolova

(Фото+видео) Мексиканска храна и посебно изненадување: Анастасија покажа како Гудељ го прослави 35. роденден во Мадрид

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан покрај Пула, но три години не може да се всели

Еспресо

(Видео) Јаков Јозиновиќ и Џејла објавија мистериозни видеа во исто време: „Мислев дека е вештачка интелигенција“

Еспресо

(Фото) Атина Тошиќ отпатува во Австрија: Шопинг во луксузни бутици и стајлинг со потпис на „Шанел“

Еспресо
Се вчитува....