Денеска се слави големиот празник Свети Архангел Михаил, а меѓу оние што го слават е и семејството на музичката ѕвезда Здравко Чолиќ.
По овој повод се огласи и неговата ќерка Уна Чолиќ, која сподели колаж фотографија од семејниот дом на својот инстаграм-профил и покажа како изгледа подготовката за овој голем празник.
На фотографијата може да се види иконата на Свети Архангел Михаил, славска свеќа и жито, кои се неопходен дел од празничната традиција. Уна ја снимила и кошницата во која ја однела славската погача во црквата, покажувајќи дека семејството ги почитува обичаите и ја чува традицијата.

Здравко Чолиќ со сопругата Александра и со ќерките Уна и Лара го слават Архангел Михаил во кругот на семејството, далеку од големата помпа, со почитување на сите обичаи поврзани со овој празник.
