11:00 - 21 ноември, 2026

„Можете да ме побарате на телефон“ – Ребека Јанковска-Ристески им понуди поддршка на родителите на деца со посебни потреби

Пејачката Ребека Јанковска-Ристески, која речиси две децении се бори за подобри услови за својот син Маркијан, но и за сите деца со ретки болести и попреченост, јавно им понуди помош и поддршка на родителите кои се соочуваат со слични предизвици. Таа на Фејсбук сподели видео од семејното секојдневие, на кое еден од нејзините помали синови си игра со нивното куче Раф.

Преку оваа објава Ребека сака да го сподели своето искуство за значењето на домашните миленици во развојот на децата, особено на оние со ретки болести и аутизам. Таа остави и телефонски број на кој родителите можат лично да ја контактираат и да разговараат со неа.

„Колкаво е значењето на присуство на домашен миленик во домот и колку големо влијание има врз психофизичкиот развој на децата, а посебно врз развојот на дете со ретка болест и аутистичен спектар. Бесценето. Доколку имате било какви прашања за тоа како се снаоѓаме и како влијаеше Раф, нашиот четириножен член во семејството врз однесувањето на Маркијан, можете да ме побарате на 071415350, каде што сум достапна од 10 до 14 ч. Доколку веднаш не ви одговорам, оставете порака и ќе ве побарам за кратко или веднаш кога ќе можам“, напиша Ребека.

Ребека и нејзиниот сопруг, докторот Милан Ристески, се родители на три сина. Нивниот најстар син Маркијан, кој неодамна наполни 20 години, живее со ретката генетска болест туберозна склероза. Болеста предизвикува создавање тумори во различни органи, а кај Маркијан најмногу е засегнат мозокот, што довело до епилепсија и однесување од аутистичниот спектар.

Во интервју за „Слободен печат“, Ребека неодамна раскажа дека Маркијан имал само една година кога ја дознале дијагнозата и дека тогаш започнала нивната долга борба со терапии, лекови и бројни предизвици.

„Маркијан не е само наша обврска, тој е наш учител. Мики секогаш вели дека Маркијан нѐ научи што е тоа безусловна љубов. Со него секој мал напредок е огромна победа“, рече тогаш пејачката.

Токму личното искуство ја поттикна Ребека да стане една од најгласните јавни застапнички за правата на лицата со ретки болести и попреченост. Преку здружението „Дајте ни крилја“ и бројните хуманитарни активности, таа со години се залага за подобри услови, поголема инклузија и поддршка за семејствата.

Слични објави

Денеска е Аранѓеловден — што не треба да правите на големиот празник посветен на Свети Архангел Михаил?

К.С.

Дино Мерлин: „Татко ми замина кога имав седум години, а мајка ми правеше сè да нè изведе на прав пат“

Е.А.

Мирис на домашна кујна — рецепт за посни колачи со ореви што се топат во уста

К.С.

Дневен хороскоп за 21 ноември: Посветете го денот на себе, избегнувајте дополнителни обврски

apostolova

Јована Јеремиќ носела детаљ од 20.000 евра на свадбата со Тигар: Поради него ја тужела пејачката

Еспресо

(Фото) Најзгодната српска актерка се соблече и го покажа совршеното тело: Еве на која егзотична дестинација ужива

Еспресо
Се вчитува....