Хрватската пејачка и писателка Нивес Целзиус го оствари својот долгогодишен сон кога стана сопственичка на шармантна куќичка во природа. Наместо да ангажира мајстори, таа самата се зафати со уредување на својата нова оаза.
Своето мало засолниште од градската врева Нивес го пронајде среде идилично зеленило, каде што доминира дрвена конструкција што таа со свои раце ја премачкуваше со заштитен премаз за дрво, за да го добие посакуваниот сјај. Освен што работеше на надворешноста на куќичката, пејачката се погрижи и за деталите, па така самата ја монтираше и осветлувачката инсталација. Покажа дека во работно издание, со кратки тексас-шорцеви и обична бела маичка, се снаоѓа подеднакво добро како и на сцената.

Колку ѝ значат престојот на свеж воздух и уредувањето на сопственото катче, таа претходно сподели и со своите следбеници на социјалните мрежи, не криејќи го воодушевувањето од новиот имот.
„Купив куќичка во природа и официјално сум најсреќна на светот! Веднаш се фатив за работа…“, се пофали тогаш Нивес, објавувајќи снимка од работите околу викендичката.

Но, нејзината замисла за оваа мирна оаза не завршува само со дрвената куќичка. Нивес откри дека планира да го уреди и дворот околу викендичката, претворајќи го во вистинска мала зелена градина, бидејќи голема желба ѝ е сама да одгледува храна.

„Мојот сон за сопствена градина, домашен зеленчук и мир во природа конечно се приближува кон остварување…“, порача пејачката, чиј труд и снаодливост ги воодушевија бројните следбеници. Меѓу нив е и нејзината колешка Лидија Бачиќ, која во коментарите ја нарече вистинска жена што умее сама да си ги заврши работите.
View this post on Instagram
