Кан Џиновиќ, син на пејачот Харис Џиновиќ и модната дизајнерка Мелина Галиќ, по долга пауза, се огласи на социјалните мрежи и со фотографијата од ноќно излегување предизвика бројни коментари, а многумина забележаа колку се променил.
Кан на својот инстаграм-профил сподели фотографија на која позира со пријатели. За оваа пригода, тој избрал елегантна комбинација – црна кошула која ја откопчал, заедно со црни панталони, додека во рацете држи чаша вино.

Посебно внимание привлекла неговата фризура. Косата ја залижал наназад, а многумина забележале дека Кан во меѓувреме значително пораснал и дека денес изгледа поинаку.
Иако ретко се огласува на социјалните мрежи, неговата објава брзо привлече внимание. Кан, имено, го држи својот приватен живот подалеку од очите на јавноста, па секоја негова нова фотографија предизвикува интерес.
Инаку, Кан веќе извесно време е посветен на тренинзите, а резултатите од напорното вежбање порано ги покажуваше на фотографиите од теретаната, на кои ги истакнуваше мускулите и телото.
Познато е дека Харис и Кан имаат блиска врска, а пејачот во неколку наврати изјавил дека отворено разговара со наследникот и со задоволство му дава совети, особено кога станува збор за запознавањето девојки.
Да потсетиме, Харис Џиновиќ има две деца од бракот со Мелина, ќерката Ѓина и синот Кан. По разводот на родителите, Кан остана близок со својот татко, додека медиумите претходно пишуваа за неговиот нарушен однос со мајката.
