Пејачката Мина Костиќ откри дека ќе се венча со својот избраник, Манет Ќурувија Каспер, кој ѝ беше најголема поддршка во најтешките моменти.
Иако нивната љубовна врска беше проследена со бројни коментари и предрасуди од јавноста уште од самиот почеток, пејачката истакнува дека никогаш не се сомневала во нивниот однос и љубов.
Гостувајќи во емисијата „Гранд специјал“, Мина Костиќ потврдила дека таа и Каспер прават планови за голема свадбена прослава и го открила точниот месец на венчавката.
Како што призна со насмевка, судбоносното „да“ ќе го изговорат напролет, а на свадбената прослава ќе собере и бројни колеги од музичката сцена.
– Тој навистина беше со мене од првиот ден и здравје Боже во мај ќе правиме свадба. Ќе ги поканам и моите колеги, ќе биде добра забава и дружење – открила Мина Костиќ.
Покрај плановите за брак, двојката соработува и на деловен план. Мане Ќурувија Каспер ги потпишува повеќето нови песни на нејзиниот претстоен албум, со кој двојката планира да направи бум на естрадата.
– Ќе им докажеме на сите дека љубовта победува и нема граници, како што вели мојата нова песна, која ја направи Каспер. Тој напиша 14 нови песни, јас имам 18, а тој ја направи музиката. Тој е сериозно музикален и мислам дека сè ќе покосиме – рекла Мина во споменатата емисија.
