Водителката Јована Јеремиќ и Милош Стојановиќ Тигар се венчаа пред неколку дена во црква, а сега открија како изгледа нивниот заеднички живот по стапувањето во брак. Зборувајќи за евентуалното преселување и промените во секојдневието, Тигар порача дека сè останува исто, бидејќи веќе поседуваат неколку недвижности.
На прашањето како изгледа нивниот живот по црковната венчавка и дали планираат да се преселат, Тигар кратко одговори дека ништо значајно нема да се промени.
– Сè е исто, продолжуваме исто како досега. Веќе имаме куќа, имаме повеќе станови – рекол Тигар.
Јована, од друга страна, истакна дека не сака пред јавноста да полага сметки за приватните работи, нагласувајќи дека материјалните нешта не ѝ се приоритет.
– Не сакаме да полагаме сметки. Многу е неемпатично да зборувам за моите каприци, тоа го прават луѓе кои немаат со што друго да се докажат. За сите други луѓе тоа не е важно, важни сме Милош и јас како личности. Кај луѓето треба да се гледа нивната индивидуалност, а не тули и ѕидови. Ние не се разделуваме, тренираме заедно, дури и во тоалет одиме заедно. Или одиме заедно или не одиме никаде. Кога станува збор за вистинска љубов, кај сите жени, како што минува времето, љубовта станува посилна – рекла Јована.
Инаку, Јована Јеремиќ со својот избраник Тигар и ќерката Леа живее во станот што го купила пред неколку години на Дорќол.
Таа се осврна и на односот со мајка си, откривајќи дека таа не присуствувала на венчавката, но ѝ испратила подарок и ѝ честитала.
– Мајка ми секогаш е среќна кога јас сум среќна, нејзе ѝ е важно Леа да биде добро. Не ми е толку важно што ќе каже мајка ми. Никогаш не се согласував со неа и секогаш го правев спротивното од она што таа сметаше дека е добро за мене. Сметам дека успеав токму затоа што не потклекнав под влијанието на семејството, односно на мајка ми. Никогаш не ми беше важно нејзиното мислење – рекла Јована.
На прашањето дали мајка ѝ присуствувала на венчавката, таа одговорила: „Не, сестра ми беше таму, мајка ми не дојде бидејќи тагува по татко ми, но испрати подарок. Сосема нормално ми честиташе. Не беше ниту на првата венчавка, ниту на втората. Луѓето од моето опкружување добро се согласуваат. Јас ја почитувам мајка ми, но нашиот однос се заснова на почит.“
