Мустафа Сандал и Емина Јаховиќ се разведоа пред неколку години, а поради неплатена алиментација завршија и на суд.
Сандал беше во центарот на скандал поради својата втора сопруга, а неодамна проговори и за односот со Емина, со која има два сина.
Мустафа се присети како изгледала неговата прва вечера со Емина, која подоцна му го променила животот.
– Првпат излеговме заедно во Истанбул. Дојде келнерот, Емина нарача нешто, а јас реков: „Донеси ми малку рукола, исцеди малку лимон врз неа и донеси ми чаша вода“. Емина љубезно го направи тоа, ме погледна и ми рече: „Ако тоа е твојот план за иднината, тогаш седиш со погрешна жена. Никогаш не сакам да бидам со таков маж. Ако имаш таков начин на размислување, ајде веднаш да ставиме крај на сè што правиме тука и секој по својот пат“ – раскажа тој, додавајќи:
– Тогаш си реков: „Мустафа, под итно мораш да се освестиш“. Емина исто така тренира, таа е одлична готвачка и ужива во готвењето. Таа и јаде и тренира, не е од оние што велат: „Ова не го јадам, она не го јадам“. Јас навистина бев таков во тоа време. Кога ќе излезев со другарите, ќе нарачав искендер, ќе го помирисав и ќе им го давав на пријателите да го поделат, додека јас само седев. Шест години живеев толку глупаво. Емина е таа што ме освести. Таа ми е најблиска пријателка во животот, а на крајот на краиштата, таа е мајка на моите Јаман и Јавуз. Многу ми е важно таа да биде добро и среќна.
Да потсетиме, Емина неодамна зборуваше за разделбата од Мустафа.
– Па, разводот е најлесен на хартија. Мислам, тоа е нешто… и најлесен е во моментот кога ќе се случи. Никогаш не зажалив што се разведов и тоа е многу важно. Бидејќи љубовта исчезна. Не можам да кажам дека исчезна почитта, но љубовта навистина ја снема и се разделивме како пријатели. Но, животот носи различни ситуации, па некако се вмешуваат и други луѓе, други околности, а потоа работите стануваат малку покомплицирани и разводот добива поинаков облик од оној што не си го очекувал. Особено кога станува збор за децата. А тоа е нешто на што сум најчувствителна. Така што, фала му на Бога, сега сме добро. Имаше моменти кога не бев во најдобра комуникација со поранешниот сопруг, а тоа навистина ми беше потребно – рекла таа.
