19:01 - 24 ноември, 2026

Го напушти Мостар со 200 марки в џеб, преживеа семејна трагедија и стана една од најголемите регионални ѕвезди

Еден од најпрепознатливите гласови на регионалната музичка сцена, Жељко Самарџиќ, повторно се најде во фокусот на јавноста откако на социјалните мрежи се појавија тврдења дека наводно бил фиктивно вработен во Пошта на Србија. Пејачот остро ги демантираше овие наводи, нагласувајќи дека целиот живот го градел исклучиво со сопствената работа, концертите и редовно подмирените обврски кон државата:

„Никогаш во животот не сум имал никаква врска со Пошта на Србија, ниту некогаш сум бил на каков било платен список. Живеам исклучиво од моите концерти и од мојата пензија. Редовно сум плаќал даноци и сметам дека е голем грев да се обвини невин човек“, порача пејачот, додавајќи дека ваквите шпекулации најчесто се појавуваат пред најавите за неговите големи концерти.

Зад неговата децениска популарност стои животна приказна исполнета со тешки пресврти. Роден во Мостар, Самарџиќ пред војната се занимавал со угостителство и ја вложил целата своја заштеда во обнова на популарниот клуб „Кабаре“. Со почетокот на воените судири, морал да го напушти родниот град со сопругата и ќерките со само 200 марки в џеб, при што бил и ранет, а од огромниот стрес побелел за една ноќ.

Пристигнувајќи во Белград, започнал сè од нула, настапувајќи по локали и дискотеки за да обезбеди егзистенција за семејството. Големата пресвртница се случила по средбата со Марина Туцаковиќ и Александар Радуловиќ Фута, кога настанале неговите најголеми хитови како „Грлица“, „Да ме није“ и „Добар дан, туго“, кои преку ноќ го вивнаа во самиот врв на регионалната сцена.

Покрај професионалниот успех, неговиот приватен живот го обележа речиси петдеценискиот брак со сопругата Маја, но и најтешката семејна загуба, смртта на нивниот тримесечен син Златко, болка која, како што вели, и денес тивко ја делат. Во последните години пејачот отворено говореше и за борбата со болеста на тироидната жлезда, истакнувајќи дека болеста го натерала да ги промени животните навики и дополнително да ги чува гласот и здравјето.

Слични објави

(Видео) „Мојата најдлабока болка и успех во исто време“: Сопругата на Кун од „2Бона“ отворено за процесот на замрзнување ембриони

К.С.

Кија Коцкар изненади многумина: „Мирна ми е главата кога немам кредити, а среќна ќе биде личноста на која еден ден ќе ѝ оставам сè“

Е.А.

Декември ќе им ги исполни најголемите желби — три хороскопски знаци ги очекува среќен крај на 2026 година

К.С.

(Фото) Вељко ги испиша синовите од градинка, а сега покажа што прават во Тител – малечките до колена во кал

Еспресо

„Ме удри во главата, па ме давеше“: Потресно сведоштво на Николина Пишек за насилството во бракот со Видоје Ристовиќ

Т.Ц.

(Видео) Таско искрено за загубата на првото бебе: „Сфатив дека имам личност којашто стварно ќе биде бетон до мене“

К.С.
Се вчитува....