11:01 - 24 ноември, 2026

„Бев малолетна“: Наташа Беквалац откри на колку години го имала првиот интимен однос

Српската пејачка Наташа Беквалац во една прилика отворено зборувше за својот приватен живот и откри дека имала само 16 години кога првпат стапила во интимни односи.

Пред неколку години, Наташа гостувала во емисијата „Амиџи шоу“, каде што одговарала на провокативните прашања на водителот Огњен Амиџиќ.

Таа тогаш открила кога за првпат се бакнала, но и на колку години го имала првиот интимен однос.

Како што раскажала, првпат имала сексуален однос на 16 години, што ги изненадило многумина од гледачите.

Инаку, пејачката уште на млада возраст зачекорила во светот на музиката, но не се откажала ниту од образованието. Таа завршила Висока школа за спортски тренери, а интересот за спортот и оваа област, како што своевремено открила, го наследила од својот татко.

Иако јавноста денес првенствено ја познава како успешна пејачка, образованието е помалку познат дел од нејзиниот живот.

Беквалац во една прилика открила дека успешно го завршила школувањето, а дипломирањето со највисока оценка ѝ дало желба да продолжи со образованието.

„Беше прекрасно кога дипломирав со десетка. Во тој момент посакав да продолжам со школувањето“, раскажала Наташа.

Таа тогаш открила и како се замислува во иднина, надвор од музичката сцена.

„Се гледам во некој убав фитнес-центар, како им помагам на луѓето да ја одржат формата или да ја постигнат посакуваната линија. Тоа е она што сакам да го работам во иднина. Одличен теоретичар сум, но лош практичар. Знам да им зборувам на другите за предностите на здравиот начин на живот, но самата живеам без многу ред и се хранам нередовно. Ми се случува да ослабам и по десет килограми за дваесетина дена“, изјавила пејачката.

Слични објави

(Видео) Таско искрено за загубата на првото бебе: „Сфатив дека имам личност којашто стварно ќе биде бетон до мене“

К.С.

(Фото) Маја Гроздановска-Панчева изгледа неверојатно на 53 години — пејачката се појави во елегантно издание на настап во Скопје

К.С.

Дневен хороскоп за 24 ноември: Добрата организација ќе ви помогне да избегнете непотребна нервоза

apostolova

„Не сакаше да излезе од куќата, па морав јас да ја напуштам“: Ќерката на Дино Дворник за болниот развод со Британецот

Еспресо

„Живеам на село и не ми е гајле за килограмите“: Индира Радиќ проговори за своето здравје и повлекувањето од сцената

Еспресо

(Фото+видео) Хрватската мис прошета на Мис Универзум во фустан направен од 200 старински миленца

Еспресо
Се вчитува....