22:02 - 24 ноември, 2026

Вики Миљковиќ откри зошто не оди на слава кај кумата Цеца Ражнатовиќ

Српската пејачка Вики Миљковиќ отворено проговори за приватниот живот, за односот со кумата Светлана Цеца Ражнатовиќ, но и за промените низ кои поминала по семејните загуби.

Иако публиката со години е навикната да ги гледа Цеца и Вики на јавни настани и музички собири, нивното пријателство трае многу подолго од нивните естрадни кариери, а беше крунисано и со кумство кога Вики се омажила за сопруг Драган Ташковиќ Ташке.

Нивниот однос опстанал и покрај бројните обврски, деловните ангажмани и семејните одговорности, а Вики и Цеца низ годините покажале колку им значи блискоста што ја изградиле.

Сепак, многумина ги интересирале зошто двете куми не се посетуваат на денот на куќната слава. Вики објаснила дека причината не е никакво недоразбирање, туку едноставно фактот што и двете ја имаат истата слава Свети Никола, имаат голем број гости и обврски во текот на празничниот ден.

– И таа има многу гости, но и јас. Не стасуваме да дојдеме, една година доцна стасав кај неа, а таа претходните години  доаѓаше кај мене кога славев три дена, па можеше да дојде на третиот ден – објаснила Вики.

Покрај приказната за долгогодишното пријателство со Цеца, Вики се осврнала и на многу емотивни теми што го обележале нејзиниот приватен живот. По смртта на родителите и на браото Владица, пејачката одлучила да преземе важна семејна одговорност и да ја продолжи традицијата што се негувала во нивниот дом со години.

Станува збор за славата Свети Архаѓел Михаил, која годинава првпат самостојно ја обележала во својот дом, сечејќи славска погача во чест на своите родители и починатиот брат. Овој чин има посебно значење за неа, бидејќи на овој начин го зачувува споменот на најблиските и традицијата што ѝ ја оставиле.

Како што објаснила таа, нејзиното семејство веќе традиционално го слави Свети Никола, што е крсна слава на семејството на сопругот Драган Ташковиќ Ташке, но отсега ќе го обележуваат и Свети Арханѓел Михаил.

 

Слични објави

(Фото) Синот на Лепа Брена ја украси елката во станот вреден 700.000 евра – сите гледаат во необичниот украс на врвот

Еспресо

Секој има свој кат: eве кој сè живее во замокот на Драгана Мирковиќ вреден 50 милиони евра

Еспресо

Го напушти Мостар со 200 марки в џеб, преживеа семејна трагедија и стана една од најголемите регионални ѕвезди

apostolova

(Видео) „Мојата најдлабока болка и успех во исто време“: Сопругата на Кун од „2Бона“ отворено за процесот на замрзнување ембриони

К.С.

Кија Коцкар изненади многумина: „Мирна ми е главата кога немам кредити, а среќна ќе биде личноста на која еден ден ќе ѝ оставам сè“

Е.А.

Декември ќе им ги исполни најголемите желби — три хороскопски знаци ги очекува среќен крај на 2026 година

К.С.
Се вчитува....