09:30 - 25 ноември, 2026

Неда Украден започна нов бизнис во Белград: „Повеќе ги сакам неинвазивните методи на нега отколку хируршките зафати“

Познатата пејачка Неда Украден се впушти во нов бизнис, откако во Белград, заедно со својата ќерка и со докторката Милица, отвори центар посветен на убавината и здравјето, трансформирајќи поранешен простор на игротека во модерна оаза за нега.

Како што појасни пејачката, главни креаторки на идејата се нејзината ќерка и докторката Милица, додека таа им дала целосна поддршка и станала заштитно лице на новиот проект. Говорејќи за современиот притисок врз жените да ги следат естетските стандарди, Неда истакна дека предност секогаш им дава на побезбедните и понеинвазивните решенија:

„Како некој што пред сè ги форсира здравјето и здравите методи, навивам за ваков вид нега. Операциите за затегнување можеби се најефикасни, но прашање е до кога, колку се болни и со колку последици. Повеќе ги сакам неинвазивните методи, апарати што не предизвикуваат рани и не бараат анестезија“, изјави таа.

Украден низ насмевка призна и дека низ годините потрошила значителни суми пари на креми и серуми со ветувања за сјај и затегнување, нагласувајќи дека на помладите девојки кои ќе доаѓаат во центарот може да им биде како мајка и баба.

Осврнувајќи се на тоа колку и мажите од музичката сцена се грижат за својот изглед, таа со доза на хумор додаде дека за дел од своите колеги од генерацијата, како Чола, Брега, Харис и Мирослав Илиќ, секогаш има посебни поволности, истакнувајќи дека сите заедно гордо ги носат годините и предизвиците на времето.

Слични објави

Тајната е во една евтина состојка — рецепт за совршено крцкаво и сочно похувано пилешко месо

К.С.

Дневен хороскоп за 25 ноември: Не плашете се да предложите нешто различно

Е.А.

Не дозволувајте попустите да ви го испразнат паричникот — како паметно да пазарувате на Црн петок?

К.С.

Вики Миљковиќ откри зошто не оди на слава кај кумата Цеца Ражнатовиќ

Еспресо

(Фото) Синот на Лепа Брена ја украси елката во станот вреден 700.000 евра – сите гледаат во необичниот украс на врвот

Еспресо

Секој има свој кат: eве кој сè живее во замокот на Драгана Мирковиќ вреден 50 милиони евра

Еспресо
Се вчитува....