17:02 - 25 ноември, 2026

Јована Јеремиќ во солзи пред олтарот, ниту Тигар не ги сокри емоциите – водителката објави досега невидени снимки од венчавката

Водителката Јована Јеремиќ објави досега невидени моменти од црковната венчавка со Милош Стојановиќ Тигар, откривајќи како изгледал моментот во кој еден на друг, пред Бога, си ветиле вечна љубов.

Иако по венчавката во неколку наврати зборуваше за својата среќа и плановите за заеднички живот со сопругот, водителката сега со следбениците сподели снимки што сведочат за тоа колку овој чин бил емотивен за двајцата.

Јована не успеала да ги задржи солзите пред олтарот, а ниту Тигар успеал да ги сокрие емоциите.

„Некои средби и судбини Бог ги договара уште пред телата да се сретнат. Таквите средби на душите продолжуваат да траат во бесконечноста на вселената и по минливоста на земниот живот“, напишала Јована.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by JOVANA JEREMIC (@jeremicjovana)

Да потсетиме, Јована Јеремиќ и Милош Стојановиќ Тигарот се венчаа на 19 ноември во црквата „Света Петка“ на Калемегдан, во присуство на членовите на семејството, кумовите и најблиските пријатели.

Водителката до последен момент ги криеше датумот и местото на венчавката, а на гостите им било забрането да објавуваат фотографии и видеоснимки од церемонијата.

Слични објави

Скандал во Турција — приведена актерката која ја глумеше Ферхунде во „Кога лисјата паѓаат“

К.С.

(Фото) „Три и пол години бевме твојот мал свет“: Синот на Даниел Кајмакоски тргна во градинка

К.С.

Швајнштајгер ќе ѝ плаќа алиментација од вртоглави 45.000 евра месечно за синовите на Ана Ивановиќ

Еспресо

Гоца Тржан открива детали за концертите и хонорарите: „Менаџерската работа би ѝ ја препуштила на Лена“

Е.А.

(Фото) Лила Филиповска ужива во празничната магија на Париз — ноќно крстарење по Сена и божиќни светилки на Шанзелизе

К.С.

Николина Пишек доживеала сообраќајна незгода во Хрватска: „Се обиде да ми го одземе телефонот и побегна, беше видливо пијан“

Е.А.
Се вчитува....