Пејачката Едита Арадиновиќ за првпат по породувањето отворено зборуваше за мајчинството, за начинот на кој се вратила на настапите и за односот со поранешниот партнер со кого ја има ќеркичката Зоја, нагласувајќи дека улогата на мајка ѝ донела нова зрелост и внатрешна стабилност.
Таа истакна дека работела речиси до самиот крај на бременоста затоа што настапите ѝ помагале и емотивно и ментално, а по доаѓањето на детето пронашла нов животен ритам, при што околу обврските ѝ помага и дадилка, покрај семејството. Во истиот период донела и голема животна одлука, уште во осмиот месец од бременоста купила куќа за себе, ќерката и милениците, потпирајќи се на кредит и редовна работа:
„Во ова време тоа звучи премногу луксузно, а јас за тоа зедов кредит и одвојувам рати. Тоа е една сурова борба, но преубава и благодарение на Бога работам таква работа што можам да ги исплаќам ратите навреме. Душата ми е полна што можам да го споделам тоа, за утре ќерка ми да знае дека мајка ѝ се борела за неа“, порача Едита.
Осврнувајќи се на поранешниот партнер Ненад, со кого го дели родителството, пејачката зборуваше со почит и благодарност, истакнувајќи дека иако се различни по карактер и темперамент, одлично се разбираат во обврските околку ќерката и дека таа во моментов не е фокусирана на нови романтични врски, туку на личниот развој и на детето.
Во разговорот Едита се осврна и на загриженоста поради непријатностите и тензиите на естрадата, шегувајќи се дека нема зошто да стравува за вишок пари кога е во кредити, а ги потврди и добрите односи со сестра си Индира Арадиновиќ, додека за Евровизија рече дека веќе не ја следи и не ја привлекува.
