13.8 C
Скопје
15:36 - 28 октомври, 2026

(Видео) Делува надреално: Хитот на Цеца изведен од словенечката опера

Песната „Внимавај со кого спиеш“ доби нов изглед, а видеото од овој необичен настап ги запали социјалните мрежи. Светлана Цеца Ражнатовиќ е омилена во Словенија, каде што е создадено видеото кое предизвика вжештување на социјалните мрежи.

Еден од нејзините најголеми хитови во кариерата, песната „Внимавај со кого спиеш“ (Пази с киме спаваш) доби нов изглед. Песната беше изведена во опера, која воодушеви многумина, благодарејќи на тоа што го направи словенечкиот младински оркестар за класична музика.

– Словенечкиот младински оркестар за класична музика е на голема турнеја, која се одржува во култни сали низ земјава, а на својот репертоар го вклучи хитот на Цеца од 2004 година „Внимавај со кого спиеш“! – пишува во описот на објавата на мрежата „Х“.

Турнејата на словенечкиот оркестар започна на 6 септември во Брасловец, а завршува на 9 октомври во Порторож.

„Ова е генијално“, „Секоја чест“, „Од сега ќе го слушам само ова, песните на Цеца имаат многу можности за изведба“, „делува надреално“, гласат само дел од коментарите.

Слични објави

Постојано ви е студено, дури и кога на другите им е топло? Ова се можните причини

К.С.

„Знам дека е оженет, но што сега“: Наташа Беквалац изненади со изјавата за својот колега

Еспресо

Личната готвачка на Новак Ѓоковиќ ги откри тајните на неговата исхрана

Е.А.

Аца Амадеус шокираше со признанието за тетоважите на лицето: „Секоја ми помогна да не убијам некого, а оваа ја направив од стрес“

Е.А.

Маја Саздановска објави ретка фотографија со ќерката Срна, која сама ја одгледа по смртта на сопругот

Еспресо

Салеп како од старите слаткарници — четири рецепти за најубавиот топол напиток во студените денови

К.С.
Се вчитува....