Роденденска атмосфера во семејството на македонскиот ракометар Филип Талески.
Неговата ќеркичка Мариа го прослави четвртиот роденден, а дел од убавите моменти со своите следбеници на социјалните мрежи ги сподели неговата сопруга Ена.

За малата славеничка била подготвена тематска торта инспирирана од популарните анимирани ликови „Мечињата со добро срце“ (Care Bears).

На фотографиите што ги објави Ена може да се видат детали од роденденската прослава.

Филип и Ена се родители на две девојчиња. Покрај Мариа, тие ја имаат и постарата ќерка Софиа, која во декември ќе го прослави својот осми роденден.
