11.8 C
Скопје
13:43 - 27 октомври, 2026

Фитнес тренерите Софија и Марио ќе станат родители — yбавата вест ја открија на плажа во Дубаи

Македонските фитнес тренери Софија Манчева и Марио Јовановски споделија убава вест со своите следбеници – го очекуваат своето прво дете.

Двојката, која живее и работи во Дубаи, бременоста ја откри со емотивно видео снимено на плажа, во кое вклучи и интересен момент од нивниот заеднички подкаст.

Желбата наскоро ќе им стане реалност

Видеото започнува со кадри од Софија и Марио на плажа во Дубаи, по што следува дел од нивниот подкаст снимен пред неколку месеци. Токму тогаш двајцата отворено зборувале за желбата еден ден да станат родители.

„Да дознаам утре дека си бремена ќе бидам најсреќен човек на свет“, вели Марио во снимката.

Софија, пак, тогаш ја споделила својата желба: „Дефинитивно да се остварам во улога на мајка и да имаме фамилија“.

Неколку месеци подоцна, нивните зборови добија сосема ново значење, бидејќи парот сега навистина се подготвува за својата прва рожба.

„Најголемото поглавје од нашите животи започнува сега“

Со видеото, Софија и Марио ја потврдија бременоста и на своите следбеници, а покрај објавата кратко порачаа:

„Најголемото поглавје од нашите животи започнува сега“

За парот ова ќе биде прво дете и почеток на ново животно поглавје, додека професионалните ангажмани во фитнес-индустријата ги продолжуваат во Дубаи.

 

View this post on Instagram

 

Слични објави

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.
Се вчитува....