10:12 - 28 ноември, 2026

Таско за Панчо од ДНК: Знаеше да се бори со моите демони кога никој друг не знаеше

Раперот и пејач Таско со многу емоции се присети на својот пријател Владимир Блажев-Панчо од „ДНК“, чиј лик го истетовира на своето тело во знак на почит. За него, Панчо бил многу повеќе од колега, човек кој му подавал рака во најтешките моменти, го штител и го советувал, не само за музичката кариера туку и за приватниот живот.
Во поткастот „Полиграф“ кај Стефанатор, Таско одговори на прашањето дали постои нешто што никогаш не успеал да му го каже на Панчо додека бил жив.
„Постои, да. Постои. Сакам да му кажам фала за многу работи. За многу работи за коишто луѓе коишто не беа до мене, тој беше тука. Беше тука да ми даде совет, од една страна со музика, од друга страна за индустријата, да ме заштити од луѓето коишто сакаа да ми наштетат. И кога ми се роди син, ми ги даваше најдобрите совети што можеше да ми ги даде како брат на брат, затоа што знаеше да боксува со моите демони кога никој околу не знаеше“, раскажа Таско.
Во истиот разговор, Христијан Тасковски-Таско отворено зборуваше и за тешкиот период од својот живот, за борбата со пороците и за тоа колку раѓањето на децата влијаело врз неговата одлука да го промени начинот на живот. Раскажа дека со години живеел во маѓепсан круг, од кој мислел дека никогаш нема да успее да излезе, а дека сега е трезен речиси две години.
Во август минатата година, раперот јавно проговори за својата зависност од алкохолот, откривајќи дека пиел 15 години. Денес, со сопругата Наташа и со нивните две деца, вели дека се труди да биде што поприсутен во животот на своето семејство.
Владимир Блажев-Панчо почина на 14 октомври 2025 година, на 46-годишна возраст, по речиси седуммесечна борба за живот. Музичарот беше тешко повреден во трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година.
Заедно со Андреј Ѓорѓиески, кој исто така го загуби животот во пожарот, во 2002 година го основаа дуото „ДНК“.

Слични објави

Николија Јовановиќ по концертот во „Сава центар“: „Бев во паника поради брзите пресоблекувања, а Реља ми беше најголема поддршка“

Е.А.

Дневен хороскоп за 28 ноември: Заштитете ги вашите деловни интереси и прекинете контакт со несигурна личност

apostolova

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо
Се вчитува....