Во пресрет на големиот концерт на македонското дуо „Некст тајм“, синот на Влатко Лозаноски – Лозано и ќерката на Мартин Филиповски ги разнежнија корисниците на социјалните мрежи со својата музичка изведба.
Савка, сопругата на Лозано, сподели симпатично видео на кое нивниот син Марко и малата Лиана, ќерката на Мартин и Андреа Филиповски, се забавуваат во ритамот на еден од најголемите хитови на дуото.
Додека во заднина се слуша песната „Нешто што ќе остане“, двегодишните другарчиња се обидуваат да ги имитираат музичарите. Марко е задолжен за гитарата, додека Лиана свири на клавијатура.
Савка на шеговит начин го најави концертот со видеото од малечките.
„Бендот на некст тајм со секојдневни и макотрпни проби за утрешниот концерт“, напиша таа.
Браќата Мартин и Стефан Филиповски вечерва ќе одржат голем концерт во спортскиот центар „Борис Трајковски“ (Т-Арена) во Скопје, со почеток во 20 часот.
Инаку, Марко и Лиана веќе имале можност да уживаат во заеднички дружби. Нивните татковци ги поврзува долгогодишно пријателство, а семејствата често поминуваат време заедно.
