13:02 - 27 ноември, 2026

Го нарекуваат „природен Оземпик“, а го има во речиси секоја кујна — дали овој евтин производ навистина помага при слабеењето?

Една од најдостапните намирници, која со децении е дел од здравиот појадок, повторно се најде во центарот на вниманието. На социјалните мрежи се промовира како природно средство за контролирање на апетитот, а некои корисници дури ја споредуваат со лекот Оземпик.

Станува збор за овесните снегулки, чија популарност дополнително порасна со појавата на трендот „оатземпик“ (oatzempic), чие име е комбинација од англискиот збор за овес и името на познатиот лек.

Трендот подразбира консумирање напиток од овесни снегулки, вода и сок од лимета, за кој на социјалните мрежи се тврди дека помага при губење на вишокот килограми. Но, што вели науката?

Зошто овесните снегулки нè одржуваат сити подолго време?

Овесот е богат со бета-глукан, вид растворливи растителни влакна кои во допир со вода создаваат гелеста структура во дигестивниот систем. Овој процес може да го забави варењето на храната и да придонесе за подолго чувство на ситост.

Во научно истражување спроведено на 48 возрасни лица, објавено во списанието „Журнал оф ди Американ колеџ оф нутришн“, научниците ги споредиле ефектите на овесната каша и готовите житарки за појадок со иста калориска вредност.

Испитаниците кои консумирале овесна каша чувствувале поголема ситост и помала потреба за храна во текот на следните четири часа.

Сепак, подолгото чувство на ситост не подразбира автоматски и губење на телесната тежина.

Метаанализа на 20 научни истражувања, објавена во 2019 година во медицинското списание „Комплементари терапиес ин медисин“, покажала дека консумирањето бета-глукан од житарки е поврзано со просечно намалување на телесната тежина од 770 грама во споредба со контролните групи.

Може ли овесот навистина да го замени Оземпик?

Експертите од американската Клиника Кливленд предупредуваат дека споредбата меѓу овесните снегулки и Оземпик не е медицински оправдана.

Оземпик содржи семаглутид, активна супстанција која го имитира дејството на хормонот ГЛП-1, кој учествува во регулирањето на апетитот и нивото на шеќер во крвта. За разлика од него, овесот придонесува за ситост првенствено благодарение на растителните влакна.

Научниците од австралискиот Универзитет „Саутерн крос“, во анализа објавена во јануари 2026 година, посочуваат дека нема клинички истражувања кои ја потврдуваат ефикасноста на популарниот напиток од овес, вода и лимета како средство за слабеење.

Доколку некој ослабел додека го консумирал овој напиток, тоа може да биде резултат на намален калориски внес или други промени во животните навики, а не на посебно својство на комбинацијата од состојки.

Како да ги вклучите овесните снегулки во исхраната?

Наместо да го заменувате појадокот со напиток од овес и вода, подобро е да подготвите нутритивно избалансиран оброк кој ќе содржи растителни влакна, протеини и здрави масти.

Овесните снегулки можете да ги комбинирате со грчки јогурт, боровинки, јаболка, цимет, ореви или мелено ленено семе. Доколку претпочитате солен појадок, можете да ги подготвите со спанаќ, печурки и варено јајце.

Внимавајте на количеството додаден шеќер, мед, чоколадни преливи и сирупи, кои можат значително да ја зголемат калориската вредност на оброкот.

Исто така, доколку не сте навикнати да консумирате поголемо количество растителни влакна, постепено зголемувајте го нивниот внес за да избегнете надуеност и стомачни тегоби.

Овесните снегулки се достапни, хранливи и лесни за подготовка. Иако можат да придонесат за подобра контрола на апетитот, не постои научен доказ дека имаат ефект споредлив со лековите за регулирање на телесната тежина.

Слични објави

Николина Ковач и Саша Капор за брачните предизвици и семејната хармонија: „Никаде не е идеално…“

Е.А.

(Фото) Ноемвриска распродажба во Wood room – трпезариски и клуб маси, детски плакари, канцелариски столици…

Еспресо

Меки како облак, а не се пржат во масло — рецепт за домашни крофни од рерна

К.С.

(Видео) Владо Јаневски во „Евергрин“ ја запиша својата тајна географија на Скопје

Т.Ц.

Марија Шерифовиќ нема да ја претставува Србија на Евровизија 2027: „Поради бројните професионални обврски не ја прифати поканата“

Е.А.

Дневен хороскоп за 27 ноември: Не дозволувајте промените во расположението на другите луѓе да ви пречи

apostolova
Се вчитува....